Деспина Туманоска на регионална работилница за ранливи групи работници

Нашата Деспина Туманоска ги претстави резултатите од нашиот 🚜 Бриф за политиките бр. 46: Земјоделските работници – тивка жртва на пандемијата? (bit.ly/39F0nv9) на еднодневната работилница „Ранливи групи во земјоделството“, која се одржува во рамки на регионалниот проект на Open Society Foundations „Одговор на социо-економското влијание на Ковид-19 во поддршка на ранливите групи нископлатени, неформални и работници со атипични договори“. Во Северна Македонија, проектот го води Фондација Отворено општество – Македонија.

Обука за вработените во Комисијата за заштита на конкуренцијата

Во рамки на нашиот проект за анализа на ефектите од државната помош, во периодот 8-19 март 2021, д-р Андреас Клафки од Меѓународниот Универзитет во Дрезден, Германија, испорачува за вработените во КЗК четиридневна обука за контрола на државната помош.

Извештајот за Стратегијата за родова еднаквост претставен во Собранието на РСМ

📊 Нашата извршна директорка, Благица Петрески, го анализираше спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020 (cutt.ly/4za46mT).
 
📖 Извештајот од анализата беше претставен пред Комисија за еднакви можности во Собрание на Република Северна Македонија.

Finance Think придонесе со поглавје во Зборник од ЕТФ

Нашата работа ја предвидува секторската и професионалната побарувачка на работна сила во следната деценија, во рамките на публикацијата за променливите вештини во светот што се менува.

До публикацијата може да се пристапи тука:

https://www.etf.europa.eu/sites/default/files/2021-02/changing_skills_for_a_changing_world_1.pdf

Успешно заврши третиот од серијата вебинари за #ДржавнаПомош

Темата на вебинарот беше „Поим за државна помош и усогласеност на македонското законодавство со EU Acquis“ со нашата Десанка Димитрова. Четвртиот вебинар следува следната седмица и апликацискиот формулар ќе ги објавиме утре.

Нашиот МК-МОД стана дел од колекцијата на вакви модели ширум светот

🎯 Колекцијата ја води и ажурира Центарот за микросимулација и анализа на политики од 🇬🇧 Обединетото Кралство.
MK-МОД е дел од 8️⃣ вакви модели на европското тло, од кои 1️⃣ ги интегрира сите 27 земји членки на ЕУ. Со тоа, Северна Македонија е една од 34 европски земји кои имаат развиен микросимулациски модел и единствената помеѓу земјите од Западниот Балкан.
https://www.microsimulation.ac.uk/euromod/models/mk-mod/