Нашата Благица Петрески стана Истражувачки соработник на ПЕП

Нашата извршна директорка Blagica Beba Petreski е избрана за Истражувачки соработник на PEP – Partnership for Economic Policy со седишта во Квебек, Канада и Најроби, Кенија, помеѓу 28 избрани кандидати од земјите во развој ширум светот.
Истражувачките соработници придонесуваат кон активностите на ПЕП преку #научно менторирање, обука, истражување, настани за економските политики, меѓународни конференции, публикации и советување.
Finance Think беше соработник-грантист на ПЕП во два наврати во последната деценија. Изборот на Благица, во високо-компетитивен процес, е резултат на долгорочната плодна соработка и #интернационализацијата на нашата работа.

Средба на мрежата #WEBecon за истражу-вачки студии за кризата со храна и енергија

Жива и продуктивна дискусија во рамки на заедничката средба за „Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан“, за #истражувачките студии на кои работиме со нашите партнери од мрежата #WEBecon:
Поддржани од SMART Balkans.

Економскиот форум ги промовираше наодите и препораките за парафискалните давачки

Форумот на едно место ги собра сите релевантни чинители сврзани со парафискалните давачки како важна реформска област идентификувана во Програмата за економски реформи. Дебатата се однесуваше на наодите и препораките произведени во рамки на  проектот.

Галерија на форумот.

Учество на Форумот на граѓанското општество за Западен Балкан и Турција

🎯 На 31 мај – 01 јуни 2023 година, Finance Think учествуваше на Форумот на граѓанското општество за Западен Балкан и Турција 2023 што се одржа во Подгорица, Црна Гора, организиран од EU TACSO.
Нашиот претставник Стефан Таневски учествуваше како #говорник во панелот за улогата на тинк-тенковите во креирањето #докази и на анализите базирани на #податоци во процесот на креирање #политики, презентирајќи мноштво примери од нашето богато портфолио.
Инаку, форумот ги презентираше наодите од Основната проценка во однос на насоките на генералниот директорат NEAR за ЕУ поддршка на граѓанското општество во регионот на проширување 2021–2027.

Работилница за податочна основа за индекс на повеќедимензионална сиромаштија

Работилница на тема “Индекс на повеќедимензионална (детска) сиромаштија: Редизајнирање, идентификување извори на податоци и планирање на собирањето и обработката на податоци” денес одржавме во партнерство со UNICEF MK.
Работилницата цели кон отворање дијалог со Државен завод за статистика / Enti shtetëror i statistikës и министерствата кои располагаат со административни податоци, за воспоставување податочна основа за пресметка на индекс на повеќедимензионална сиромаштија на редовна основа.
Работилницата ја спроведоа нашите соработници д-р Marjan Petreski и д-р Бојан Србиноски.
+2
See Insights and Ads
Boost post
All reactions:

10

Finance Think на еднонеделна програма за партиципативна демократија во Мексико

Finance Think е дел од еднонеделна програма за партиципативна демократија во Мексико, како членка на глобалниот хаб People Powered , заедно со уште 80 имплементатори и истражувачи од светот.
👉 Ги споделуваме нашите позитивни #практики од имплементацијата на паритиципативното #буџетирање во oпштините, a истовремено учиме нови механизми за вклученост на граѓаните, нови иновативни алатки, и се #вмрежуваме со слични на нас организации, вклучувајќи ги и пионерите во партиципативно буџетирање од Порто Алегре, Бразил.

“Отворен Балкан“ – стимул и притисок за побрзо реформирање на пазарот на труд

Регионалната економска интеграција е од исклучително значење за нашата економија. Земајќи ги предвид нашите аспирации да станеме полноправна членка на Европската Унија, Иницијативата Отворен Балкан треба да овозможи побрзо структурно прилагодување за справување со сите предизвици кои ги носи отворениот пазар.

За да одговориме какви ќе бидат ефектите за пазарот на труд од иницијативата Отворен Балкан, и од процесот на преговори и пристап кон ЕУ, неколку аспекти се значајни. Прво, каква е моменталната структура на пазарот на труд, посебно во поглед на недостигот од одредени категории квалификуван кадар, 2) каква е структурата на платите споредбено со земјите кон кои се отвараме, и 3) колку сме решени и подготвени за структурни промени.

Во нашата студија ја анализиравме побарувачката и понудата за работна сила, според регистрираните невработени лица во Агенцијата за вработување. Во моментот имаме 112 илјади регистрирани невработени лица и побарувачка од компаниите за 2023 година од околу 15000 лица.

Резултатите покажаа дека имаме поларизирана состојба, односно особено суфицитарни јазови кога понудата на невработени лица за одредени занимања е драстично поголема од побарувачката, и дефицитарни јазови кај други занимања. Така, кај занимањата со високи вештини доминираат суфицитарните јазови, постигнувајќи го максимумот кај занимањата кои ги генерираат педагошките факултети, каде што на за едно отворено работно место имаме дури до 75 невработени лица. На другата страна постои дефицитот за работници во услужните дејности и општи работници во различни занимања, посебно помошен персонал.

Предноста од регионалната интеграција и можноста за движење на работната сила е кусоците од работници, особено во пограничните региони, да бидат пополнети со работна сила од соседните земји. Но, постојат и ризици дефицитарните јазовите со високи вештини да се продлабочат, кај занимањата за стручњаци и техничари во информатичко-инженерските области, каде што и мобилноста е стандардно поголема.

Вториот аспект е каква е структурата и премијата на плати и за одредено занимање помеѓу земјите, за едно лице да одлучи да премине на пазарот на труд во соседната земја. Во контекст на Иницијативата отворен Балкан, кај занимањата со ниски вештини веројатно овие премии се ниски или не постојат, земајќи предвид дека и нашата минимална и просечна плата се слични со останатите земји од Западен Балкан. Сепак, за дејностите од сезонски карактер и циклична потреба од работници може да се појават разлики во платите и тоа да предизвика дополнителен притисок на веќе постоечките недостатоци од работници.

На среден рок, Иницијативата Отворен Балкан треба да биде стимул и форма на притисок за побрзо реформирање на пазарите на труд, за да низ пристапните процеси кон ЕУ ние целосно се подготвиме за справување со предизвиците кои ни претстојат. Тие структурни реформи се во прилагодување на образовните политики согласно побарувачката на пазарот на труд, потоа оневозможување на злоупотреба на системот и брза транзиција од систем на социјална поддршка кон систем на вработување и справување со неформалната економија.