Денес, во Finance Think, остваривме средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд, на која фокусот беше ставен не само на тековните економски движења, туку и на нивната аналитичка #интерпретација и #ризиците што претстојат.

📈 Инфлацијата и нејзините изгледи беа во фокусот на дискусијата, при што преку нашите најнови анализи и моделски пресметки ги разгледавме ефектите од енергетските шокови и можните сценарија за македонската економија. Разговорот се прошири и кон пошироки структурни теми – фискалната позиција и нејзината улога во амортизирање на шоковите, состојбите и тензиите на пазарот на труд, предизвиците поврзани со неформалната економија и импликациите врз продуктивноста и долгорочниот раст.

Фокусот беше ставен на тоа што значат #бројките и што следува понатаму, односно како тековните трендови се преведуваат во политики и економски очекувања.

🤝 Соработката со ММФ ја гледаме како важен канал за верификација и унапредување на нашите аналитички пристапи, со цел подобро разбирање на економските ризици и поддршка на информирано креирање политики.

#FinanceThink #ММФ #Економија #Анализа #Policy

Recommended Posts