ЕКОНОМСКИ ТИМ

Тимот на Finance Think е составен од истакнати и признаени економисти, со тематско економско образование и професионално искуство, како и подготвеност да понудат квалитетни истражувања, критика и препораки до носителите на економските политики.

Д-р Благица Петрески

Главен економист – Извршен директор

Благица е Ко-основач и Главен економист – Извршен директор на Finance Think. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат палета од развојни теми како сиромаштија, невработеност, родова нееднаквост, како и продуктивност и конкурентност на фирми. Таа е посветен застапувач за поефективни економски политики и е активно вклучена во обликување на јавната дебата за економски прашања во земјата и регионот. Благица е основач на Finance Impaq, платформата за услуги за политиките од Finance Think. Таа е насловен вонреден професор при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, кадешто предава Јавни економски политики. Во академската 2022/23 е Фулбрајт стипендист на Американската влада и работи на истражување во сферата на јавниот финансиски менаџмент на Универзитетот од Илиноис во Чикаго, САД.

Таа има докторат на економски науки од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, за чии цели истражуваше и на ЦЕРГЕ-ЕИ во Прага и на Словачката Академија на Науките. Таа е и алумна на Инцијативата за млади трансатлантски иновациски лидери. Благица ја доби Наградата за млад истражувач на годината доделена од Народната банка на Северна Македонија, како и Наградата за најдобар труд во областа на ризици и осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Благица има богат публицистички опус, што вклучува 12 труда во реномирани рецензирани списанија индексирани на Web of Science.

Д-р Деспина Туманоска

Програмски координатор

Деспина е Ко-основач и Програмски координатор во Finance Think. Нејзните истражувачки интереси вклучуваат прашања како макроекономски политики, невработеност, секторски економски политики, регионална интеграција, применета економетрија и слично. Деспина е активно вклучена во јавната дебата за актуелни економски теми. Таа е доктор на економски науки и магистер по финансии од Универзитетот Американ Колеџ Скопје и дипломец по финансиски менаџмент од Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје. Во 2012 година ја доби Годишната награда за млад истражувач доделена од Народната банка на Република  Северна Македонија. Деспина е активен научен публикувач, што вклучува 5 труда објавени во списанија индексирани на Web of Science.

Марија Башеска

Економист 1

Марија е Економист I ниво во Finance Think. Таа дипломираше на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, на одделот Економија. Со повеќе од 4 години искуство во граѓанскиот сектор, Марија работеше на разни проекти на теми како младинско вработување и социјални
иновации. Таа п
окажува интерес кон изнаоѓање решенија за одржлив развој од економски, социјален и еколошки аспект. Нејзиниот истражувачки интерес опфаќа јавни и локални финансии, макроекономија, економија на социјалната држава, финансиски пазари и институции, како и бихејвиорална економија.

Бојана Ѓуроска
Специјалист за визуелизации и јавен имиџ

Бојана Ѓуроска е Специјалист за визуелизации и јавен имиџ во Finance Think. Има диплома за индустриски дизајн од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Таа е вешта во користење различни софтвери како InDesign, Illustrator, Acrobat и Dreamweaver. Други области од нејзиниот интерес вклучуваат фотографија и видеографија.

М-р Сандра Соколенко-Тодороска

Организациско-административен соработник

Сандра Соколенко Тодороска е Организациско-административен соработник во Finance Think. Таа е магистер по правни науки од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а дипломираше на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Во помал дел од своето време, таа работи и на прибирање примарни податоци од области кои вклучуваат прашања како макроекономски политики, социјална заштита, здравствена заштита, образование, невработеност и слично.

СОРАБОТНИЦИ

Д-р Марјан Петрески

Стратегиски советник

Марјан е Ко-основач и Стратегиски советник на Finance Think. Тој е Редовен професор по економија на Универзитетот Американ колеџ Скопје и Неизвршен член на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија. Тој има докторат од Универзитетот Стафордшир, Велика Британија. Неговиот фокус на истражување се теми од монетарна политика, економски развој и пазар на труд, сите со силен фокус врз економиите во транзиција. Публикуваше нашироко во меѓународни списанија со рецензија (42 труда во списанија индексирани на Web of Science). За своето истражување, тој доби бројни домашни и меѓународни награди. Проф. Петрески е Придружен уредник на Списанието за економија и бизнис на Југоисточна Европа, проминентно регионално списание индексирано во Journal Citation Reports (ИФ = 1), и служи во уредувачките одбори на уште неколку научни списанија.

Марјан е Стипендист за кариерна интеграција на ЦЕРГЕ-ЕИ во Прага (2012-2015; 2021-денес), Вејзер стипендист на Универзитетот во Мичиген, САД (2019), визитинг истражувач на Универзитетот де ла Република, Уругвај (2016), Универзитетот Хитотсубаши, Јапонија (2016), Универзитетот од Јуваскула, Финска (2021), додека во моментот има улога на Соработник за истражување на Партнерството за економски политики, Канада. Тој опширно работи на развојната агенда ширум светот во широка географска покриеност, особено – покрај Северна Македонија: Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Швајцарија, Португалија, Грузија, Ерменија, Казахстан, Туркменистан, Палестинските територии, Либан, Мјанмар и 14 земји во западна и источна Африка. Тој е длабоко ангажиран во дијалогот за политиките и јавната дебата во земјата и регионот на Западен Балкан. 

Д-р Ана Томовска-Мисоска

Соработник за образовна политика

Ана е експерт за политики во сферата на образованието. Таа е редовен професор на Универзитетот Американ Kолеџ Скопје. Докторирала на Факултетот за образование, Универзитетот Квинс во Белфаст. Нејзините професионални ангажмани вклучуваат голем број истражувачки проекти во Северна Ирска и Република Северна Македонија. Нејзината работа е концентрирана на образовните реформи, истражување на градење идентитет, како и на претприемачки намери, организациска култура, управување со човечки ресурси и однесување на потрошувачите. Таа присуствувала на голем број национални и меѓународни конференции и објавувала во реномирани академски списанија. На Web of Science е застапена со 15 труда во рецензирани списанија. Таа е постојан соработник на Finance Think за образовни прашања и политики.

Д-р Маја Парнарџиева-Змејкова

Соработник за здравствена економска политика

Маја е експерт за економски политики поврзани со здравствениот систем. Моментално е вработена во Агенцијата за супервизија на осигурување и е експерт-предавач на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Докторирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Нејзиниот истражувачки интерес вклучува здравствена економија, јавни финансии и долг, финансиски пазари и институции. Била научен соработник на Фондацијата за американски студии (1998), Економски факултет, Виена, Австрија (1999), ЕНА, Париз, Франција (2002), Универзитетот Џорџтаун, САД (2004).

М-р Ирена Николовска

Соработник за финансиски и даночни политики

Ирена поседува експертиза во даночни и финансиски политики. Ирена е магистер по бизнис управување (MBA) на Универзитетот Американ колеџ Скопје. Повеќе од 20 години работи како даночен советник на домашни и странски клиенти, автор е на стручни статии, прирачници и елаборати/истражувачки студии во областа на оданочувањето, финансиите, сметководството (Меѓународните стандарди за финансиско известување-МСФИ), човечките ресурси, корпоративното управување, спречувањето на перење пари итн., и е предавач на семинари, обуки и работилници на теми во истата област. Таа е основач, управител и бизнис консултант на друштвото за независно истражување и иновативни решенија ИРИС Консалтинг ДООЕЛ Скопје. Од 2019 година е независен неизвршен член на одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. 

М-р Стефан Таневски

Соработник за анализа на податоци

Стефан е соработник во Finance Think кој се занимава со собирање и аналитика на податоци. Тој е и асистент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Стефан има магистратура на Универзитетот Американ Колеџ и е докторски студент на истиот универзитет. Неговиот истражувачки интерес опфаќа монетарна политика, финансиски пазари и пазар на труд во транзициски економии. Таневски има 4 публикации во меѓународни списанија со рецензија (2 публикации во списанија индексирани на Web of Science). Тој исто така е и рецензент на Списанието за економија и бизнис на Југоисточна Европа, индексирано во Journal Citation Reports (ИФ = 1).

Д-р Бојан Србиноски

Соработник за економетриска анализа

Бојан е соработник во Finance Think во сферата на економетриски анализи и моделирање на разни општествени појави. Тој е доцент на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола. Има докторат во областа на финансиите од Универзитетот Карло Катанео (LIUC), Италија, и неговиот фокус на истражување се теми поврзани со финансиските институции и пазари и однесувањето на корисниците на финансиски услуги. Тој беше стипендист на турската влада на Универзитетот Докуз Ејлул, Турција, визитинг истражувач на Флорида Стејт Универзитетот, САД и добитник на награда за студиски престој во Розета Институтот-Сиднеј, Австралија. Корисни разни економетриски пакети (R, SAS, STATA, EVIEWS, PYTHON) и се занимава со анализи на комплексни мрежи (PAJEK).