Економски тим

Тимот на Finance Think е составен од истакнати и признаени економски истажувачи, со економско образование и професионално искуство, како и подготвеност да понудат квалитетни истражувања, критика и препораки до носителите на економските политики.

Благица Петрески

Благица Петрески

Главен економист (Извршен директор)

 

Благица е основач, Главен економист (Извршен директор) на Finance Think. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат палета од развојни теми како сиромаштија, невработеност, родова нееднаквост, социјално претприемништво за жени. Таа е посветен застапувач за подобри економски политики и е активно вклучена во обликување на јавната дебата за економски прашања во земјата и странство. Благица е доцент при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, кадешто предава Јавни економски политики. Таа има докторат на економски науки од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, за чии цели истражувала и на ЦЕРГЕ-ЕИ во Прага и на Словачката Академија на Науките. Таа е и алумни на Инцијативата за млади трансатлантски иновациски лидери. Благица ја доби Наградата за млад истражувач на годината доделена од страна на Народната банка на Македонија, како и Наградата за најдобар труд во областа на ризици и осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Благица има богат публикувачки запис, што вклучува 7 труда во реномирани рецензирани списанија листирани на Web of Science.

Деспина Туманоска

Деспина Туманоска

Програмски координатор

 

Деспина е основач, член на Извршниот Одбор и Програмски координатор во Finance Think. Нејзните истражувачки интереси вклучуваат прашања како макроекономски политики, невработеност, секторски економски политики, применета економетрија и слично. Деспина е активно вклучена во јавната дебата за актуелни економски теми. Таа е докторски кандидат по економија и магистер по економија од Универзитетот Американ Колеџ Скопје и дипломец по финансиски менаџмент од Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје во областа на финансискиот менаџмент. Во 2012 година, таа ја доби Годишната награда за млад истражувач доделена од страна на Народната банка на Република Македонија. Деспина е активен научен публикувач, што вклучува и 3 труда објавени во списанија индексирани на Web of Science.

Наташа Павиќевиќ – Стојменовска

Наташа Павиќевиќ – Стојменовска

Економски и социјален аналитичар II

 

Наташа е економски и социјален аналитичар. Додипломските студии ги заврши на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сфера на нејзин особен интерес се: системот на социјална заштита, социјалната работа во заедница, социјалната разновидност и прашањата поврзани со еднаквите можности. На тимот на Finance Think се приклучи во септември 2016 година. Таа работи на прашања поврзани со ранливите категории на население, вклучително и актуелните социјални политики во Северна Македонија. Во моментов активно е вклучена во реформите на системот на социјална заштита, во процесот на воведување интегрирано водење случаи во центрите за социјална работа и менторскиот процес за вработените во центрите за социјална работа.

Бојана Ѓуроска

Бојана Ѓуроска

Специјалист за визуелизации и јавен имиџ

 

Бојана Ѓуроска се приклучи на тимот на Finance Think во септември 2018 година како Специјалист за визуелизации и јавен имиџ. Има диплома за индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Како Специјалист за визуелизации и јавен имиџ во Finance Think, таа е оспособена да користи различни софтвери како InDesign, Illustrator, Acrobat и Dreamweaver. Други области од нејзиниот интерес вклучуваат фотографија и видеографија.

Сандра Соколенко-Тодороска

Сандра Соколенко-Тодороска

Организациско-административен соработник

 

Сандра Соколенко Тодороска се приклучи на тимот на Finance Think во мај 2018 година како Организациско-административен соработник. Таа е магистер по правни науки од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а дипломираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Во помал дел од своето време, таа работи и на прибирање примарни податоци од области кои вклучуваат прашања како макроекономски политики, социјална заштита, здравствена заштита, образование, невработеност и слично.

Десанка Димитрова

Десанка Димитрова

Помлад економски аналитичар

 

Десанка Димитрова се приклучи на тимот на Finance Think во септември 2019 година. Десанка е дипломиран економист по Банкарство и финансиски менаџмент при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. За време на додипломските студии, таа беше активен член во младинската организација АИЕСЕК и студент на размена во Универзитетот во Ополе, Полска, каде работеше на исцрпни истражувања од областа на меѓународната економија, вклучувајќи индикатори за пазарот на труд, меѓународна трговија и глобална конкурентност. Десанка има афинитети кон статистиката и економските модели. Други области од нејзин интерес се: економска нееднаквост, бизнис и менаџмент процеси, локален развој и др.

Следната е листа од постојани соработници на Finance Think.

Марјан Петрески

Марјан Петрески

Стратегиски советник

 

Марјан е ко-основач и стратегики советник на Finance Think. Тој е редовен професор по економија на Универзитетот Американ колеџ Скопје. Тој има докторат од Универзитетот Стафордшир, Велика Британија. Неговиот фокус на истражување се теми за економски развој и пазар на труд, сите со силен фокус врз економиите во транзиција. Публикуваше нашироко во меѓународни списанија со рецензија (31 труд во списанија индексирани на Web of Science). За своето истражување, тој доби бројни домашни и меѓународни награди. Марјан беше Стипендист за кариерна интеграција на ЦЕРГЕ-ЕИ во Прага (2012-2015), Вејзер стипендист на Универзитетот во Мичиген, САД (2019), додека во моментот има улога на ПЕП Соработник за истражување. Тој опширно работи на развојната агенда ширум светот во широка географска покриеност на економиите во транзиција, особено - покрај Северна Македонија: Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Грузија, Ерменија и Казахстан. Тој е длабоко ангажиран во дијалогот за политиките и јавната дебата во земјата и регионот на Западен Балкан.

Листа од поранешни вработени во Finance Think.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress