Мисија

Finance Think е независен и непрофитен институт за економски истражувања и политики, основан во 2012 година.

Нашата Визија

Да поттикнеме економско размислување за подобра благосостојба утре.

Нашата Мисија

Да го подобриме влијанието на економските, социјалните и развојните трендови и политики врз граѓаните во Северна Македонија и регионот на Западниот Балкан, преку истражувања, застапување базирано на докази и водено од податоци, и поттикнување критичка дебата за демократските и економските процеси.

Истражувањето на Finance Think им помага на носителите на политиките, застапниците на политиките, креаторите на мислење, економските новинари и јавноста да ги разберат прашањата кои влијаат врз обичните граѓани.

Врз основа на статутот, Finance Think се стреми да постигне три статутарни цели. Тие се:

  • Да придонесе кон подобрување на економските, социјалните и развојните политики и реформи преку продуцирање докази, базирани на истражување и водени од податоци. Конкретно, оваа стратешка цел се базира на првокласно економско – емпириско и истражување насочено кон политики, базирано на доволна теоретска основа и извршено со помош на најсовремени економски методи, кое е релевантно и корисно за домашните и/или регионалните носители на политики.

 

  • Да се зголеми ефектот од производите на Finance Think врз целните групи (вештини), донесувањето политики (политики и реформи) и општеството (свесност). Конкретно, оваа стратешка цел се темели на претпоставката дека работата на Finance Think е направена за доброто на општеството, канализирана преку влијание врз процесите на формулирање и имплементација на политиките, преку влијане врз дискурсот на јавната дебата, и преку директно влијание врз вештините и работата на непосредните целни групи.

 

  • Да се развие институционалниот капацитет на Finance Think, во смисла на истражување, застапување, финансирање и комуникација, со цел посилно влијание врз економските, социјалните и развојните реформи и врз ефектите што соодветните политики ги имаат врз граѓаните. Конкретно, оваа стратешка цел се темели на претпоставката за постојана инвестиција во градење капацитети и мрежи, и организациски и лични, во насока на подобро истражување, зголемена домашна и меѓународна визибилност и зголемена репутација во целина.

 

Програмски области

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress