Проектот има за цел да обезбеди независно и аналитичко следење на напредокот на економските реформи на Владата, во согласност со Програмата на Реформска агенда на ЕУ. Проектот се фокусира на:
- Управување со јавни финансии – следење на имплементацијата на Законот за буџети,
- Формализација на неформалната економија,
- Државна помош и нејзината транспарентност,
- Развој на малите и средните претпријатија – рационализација на парафискалните давачки.
Преку развој и следење на индикатори, квантитативна и квалитативна анализа, и визуелизација на наодите, проектот ќе испорачува редовен мониторинг и препораки. На крајот, целта е да се зајакне транспарентноста, отчетноста и ефикасноста во управувањето на јавните економски политики, во поглед на евроинтегративните приоритети.
Период: Јули 2025 – Јуни 2027