Главната цел на проектот е да генерира докази и да поттикне дијалог на политиките за прехранбената и енергетската несигурност во економиите на Западен Балкан, релевантни за четири клучни фронтови: егзистенција на домаќинствата, конкурентност на фирмите, фискален простор и регионална интеграција.
Отворен Балкан: Слободно регионално движење на работната сила во услови на недостиг од квалификувани работници?
Целта на проектот е да оцени како слободното движење на (квалификуваната) работна сила во Иницијативата Отворен Балкан ќе влијае врз пазарот на труд во Северна Македонија, а со тоа да поттикне аргументирана дебата и прилагодување на политиките за максимизирање на користите и минимизирање на ризиците.
Специфичните цели вклучуваат:
- Генерирање знаење за тоа како слободното движење на (квалификуваната) работна сила вградено во Иницијативата Отворен Балкан ќе влијае врз пазарот на труд во земјава;
- Поттикнување јавна дебата за користите и предизвиците од прашањето, базирана на докази;
- Придонес кон економските политики поврзани со пазарот на труд и билатералните договори за социјално осигурување, во контекст на имплементацијата на барањата од оваа Иницијатива.
Донатор: Фондација Отворено општество Македонија
Времетраење: Септември 2022 – Септември 2023
Студија за испитување на побарувачката за зелено и социјално финансирање во Северна Македонија
Целта на оваа студија е да се спроведе дијагноза – пазарни анализи на секторите со висок потенцијал во Северна Македонија од зелена и социјална гледна точка и да се процени пазарниот потенцијал за нови развојни кредитни линии.
Клиент: Француската развојна агенција
Партнер: ГФА Консултантска група
Времетраење: Јули – Септември 2022
Aкција за формализирање на микро-вршители на економска дејност во неформалната економија
Целта на оваа акција е да се зголеми формализацијата на микро-фирми во Северна Македонија, односно на вршители на економска дејност во неформалната економија. Оттука, акцијата ја адресира правната неформалност. Поконкретните цели на акцијата вклучуваат:
- Да ги разбере причините за неформалноста на микро-вршителите на дејност во неформалната економија (високи давачки, висок административен товар, мала веројатност да бидат откриени, слаба информираност за бенефитите од формализација итн.)
- Да ја разбере дејноста на неформалните микро-вршители на дејност
- Да дизајнира мапа/листа на сите давачки, вклучително и парафискални давачки, сврзани со основањето микро-бизнис и со неговото водење во почетните години
- Да предложи: а) план за намалување на трошоците за фирмализација на микро-вршители на дејност, вклучително и рационализација на давачките идентификувани во 3; и б) мерки на политиките (фискални, трудови, информирање) кои ќе поттикнат поголема формализација на микро-вршителите на дејност.
Клиент: ГИЗ Северна Македонија
Времетраење: Мај – Септември 2022
Анализа на податоци и извештај за Балкански барометар 2022 година
Целта на проектот е да се спроведе анализа на податоци и да придонесе кон основниот извештај за Балканскиот барометар 2022 година.
Донатор: Совет за регионална соработка
Партнер: АЦИТ – Албанија
Времетраење: април – мај 2022 година
V4 поддршка за промовирање на Заедничкиот регионален пазар на ЗБ6: Еден пазар за закрепнување по Ковид-19
Проектот се фокусира на споделување искуства, пренесување знаење и препораки за понатамошна регионална економска интеграција преку развој на Заедничкиот регионален пазар на ЗБ6, користејќи искуства од поранешната ЦЕФТА и В4 по интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ.
Анализа на состојбата со финансирањето на ОРЦ
Целта на Анализата на финансискиот пејзаж на одржливите развојни цели (ОРЦ) е да ги мапира сите финансиски текови, со цел да ги идентификува потенцијалните пристапи и активности што можат да придонесат за ефикасно користење на постојните ресурси за достигнување на ОРЦ и поголемо усогласување и инвестиции од развојните партнери за приоритетите за одржлив развој.
Донатор: УНДП
Времетраење: јуни – ноември 2021
Анализа на податоци и извештај за Балкански барометар 2021 година
Целта на проектот е да се спроведе сеопфатна анализа на податоци и да се напише основниот извештај за Балканскиот барометар 2021 година.
Донатор: Совет за регионална соработка
Партнер: АЦИТ – Албанија
Времетраење: февруари – март 2021 година
Остварување на потенцијалот на извозно ориентирани компании да придонесат за закрепнување по Covid-19
Проектот има за цел да ги идентификува потенцијалите на извозно ориентирани капацитети, вклучително и веќе постоечките странски инвеститори во земјата, за поддршка на економското закрепнување пост-Ковид-19.
Специфични цели:
- Да се идентификуваат капацитетите за прилагодување и пренасочување на тековното производство според променетата побарувачка (ново работење, компоненти, комплементарни производи, итн.)
- Да ги идентификува потенцијалите за регионално репозиционирање и користење на глобалната стратегија за поместување на географската распределба и намалување на трошоците
- Да се идентификуваат потенцијалите за инјектирање на капитал што матичната компанија ќе ги направи на компанијата-ќерка во земјата (да ги префрли операциите од други географски локации или да го измени тековното производство, итн.).
- Да се идентификуваат пречките за извоз и раст
- Да се идентификуваат потребите за економски мерки што ќе ги максимизираат идентификуваните потенцијали.
Времетраење: септември 2020 – март 2021
Донатор: Британска амбасада – Скопје
Промовирање докази и дијалог за зајакнување на ефектот од државната помош врз благосостојбата на потрошувачите во Северна Македонија
Целта на акцијата е да се промовираат докази и да се поттикне дијалог за улогата на државната помош за благосостојбата на потрошувачите во Северна Македонија.
Специфичните цели на акцијата вклучуваат:
- Да се разберат постојните форми на државна помош во Северна Македонија и нивната (заемна) конзистентност во рамките на целокупното монополско законодавство и законодавството на ЕУ;
- Да се обезбедат цврсти докази за тоа дали државната помош ја нарушува конкуренцијата на пазарот, со примена на најголемата владина програма за субвенционирање на приватни компании;
- Да се подобри дијалогот меѓу засегнатите страни, како и да се подигне јавната свест, за државната помош, усогласувањето со законодавството на ЕУ и благосостојбата на потрошувачите.
Со постигнување на овие цели, акцијата значително ќе придонесе за зајакнување на улогата на државната помош за конкуренцијата на пазарот и, оттука, на благосостојбата на потрошувачите.
Времетраење: Февруари 2020 – Февруари 2021
Донатор: Balkan Trust for Democracy – Norwegian Embassy Belgrade