Денес потпишавме Меморандум за разбирање со Комисијата за заштита на конкуренцијата
Со Меморандумот воспоставуваме рамка за соработка во насока на:
✅ унапредување на транспарентноста и достапноста на податоците за државна помош;
✅ поддршка на процесот на усогласување со ЕУ регулативата за државна помош;
✅ зајакнување на регионалната соработка и размена на добри практики.
Како дел од оваа соработка, Finance Think и мрежата WEBecon ќе продолжат да работат на развојот на регионалната платформа за државна помош, анализи и иницијативи кои придонесуваат кон поголема транспарентност, отчетност и политики базирани на докази.
Веруваме дека соработката помеѓу институциите и истражувачката заедница е клучна за подобро креирање и следење на политиките за државна помош.

Recommended Posts