Среќна Нова 2021 година!

🎄🎄🎄🎄🎄

Тимот на Finance Think ви посакува весели и безгрижни празници и успешен почеток на постабилна и со подобро здравје 2021 година!

Нова студија за политиките!

Нашата Студија за политиките 33 ги истражува ограничувањата и потенцијалите на извозно ориентираните компании да придонесат за растот по Ковид-19. Кликнете за пристап.

Continue reading

Ги покануваме економските новинари на брифинг за презентација на резултати

Годинава ќе ја заокружиме со споделување на нашите резултати за ограничувањата и потенцијалите на 🏭🚛 извозно-ориентираните компании да го помогнат закрепнувањето по Ковид-19, на 📣 онлајн Брифинг со новинари.
Заинтересираните новинари за проследување на резултатите ги покануваме да испратат ФБ порака или на 🔗 events@financethink.mk.

Објавен труд во високорангирано списание

Нашето истражување за пензиската реформа од 2018 година, кое беше прифатено за објава во меѓународното списание 📚 Journal of Pension Economics & Finance, доби том 20 и јануарски број 1 од 2021, стр.49-66.
JPEF има импакт фактор од 1.261 на Web of science
.

Консултативна средба за прелиминарни наоди од студија

Денес, пред релевантните чинители и носителите на политиките, ги презентиравме клучните наоди и препораки од студијата 📖 „Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија“, која ќе биде објавена #наскоро.
Истражувањето е дел од проектот „Остварување на потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за закрепнување по Ковид-19“, поддржано од British Embassy Skopje.

Успешно заврши економскиот форум за социоекономските ефекти од Ковид-19

Економскиот форум го организиравме заедно со нашите партнери, семејството на Обединетите Нации во Северна Македонија. На форумот се обратија проминентни чинители: носители на политики, претставници на меѓународните институции и академската заедница. Кликнете за галерија.

Continue reading

Економски форум за социо-економските последици од Ковид-19

📢 Нашата работа во 2020 посветена на анализа на економските, социјалните и развојните ефекти од ковид-19, ја заокружуваме со економски форум, со семејството на Обединетите Нации. Кои лекции ги научивме од КОВИД-19? Како до побрзо закрепнување?
На конференцијата ќе се обратат сите клучни чинители во социо-економската сфера во земјата.

Среќен 8. роденден, Finance Think!

Осмиот роденден го прославуваме во услови наметнати од пандемијата од Ковид-19, чии економски и социјални ефекти ги следиме и анализираме од самиот почеток: 3 студии за политики, 4 брифови за политики, 10 предлог-мерки, прецизни проекции, 42 визуелни производи…

Следење на проценката на социо-економското влијание на КОВИД-19 врз децата и длабинска студија за мултидимензионална детска сиромаштија во Северна Македонија

Целта на следењето на проценката на социјалното и економското влијание на КОВИД-19 врз децата е да се генерираат сценарија и проширени предлози за политика во ситуација кога е сигурно дека ова ќе биде долготрајна криза, од здравствена и од социо-економска перспектива, и каде што можеме да ја потврдиме валидноста на првичните претпоставки за нејзината природа и времетраење.

Главната цел на предложената студија за повеќедимензионална детска сиромаштија во Северна Македонија е да се генерира длабинска мапа за ова прашање и да се воспостават здрави и темелни емпириски докази.

Поконкретно:

i) да ја прикаже сиромаштијата кај децата во смисла на демографски и географски индикатори, вклучително и профил на деца кои се изложени на најголем ризик од сиромаштија и, следствено, од исклучување;

ii) да разбере како се поврзува детската сиромаштија со целокупната сиромаштија во домаќинствата;

iii) да се испитаат недоходните аспекти на детската сиромаштија, пред се образованието – вклучително и предучилишното образование – и здравјето, и да се постават основи за нивната повеќедимензионалност; и

iv) да се користат создадените докази за зголемување на свеста на јавноста и носителите на одлуки за ова прашање и за застапување за прилагодување на добро-насочени политики и мерки за подобрување на специфичните резултати релевантни за децата што ја намалуваат детската сиромаштија во земјата.

Донатор: УНИЦЕФ

Времетраење: декември 2020 година – јули 2021 година