⚠️ Ја продолжуваме соработката со Економија и Бизнис, проминентен економски магазин

Во заедничка иницијатива, наодите од нашите #истражувања ќе бидат пренесени во магазинот во кондензирана форма со цел поголемо доближување на резултатите од истражувачката работа и нивната релевантност за политиките до пошироката читателска публика.

Повеќе на овој линк.

Успешно заврши панел дебатата за справувањето со повеќедимензионалната детска сиромаштија

🙋‍♀️🙋 Преку креирано знаење и дијалог со релевантните институции, ги приоритизиравме политики за справување со повеќедимензионалната детска сиромаштија во трите сектори: социјална заштита, здравство и образование.
✍️Мерењето на индикаторите за деца е од клучно значење за следење на ефективноста на мерките и политиките и навремена корекција.
🔗 Сиромаштијата на децата е повеќедимензионален проблем и е потребен повеќе секторски пристап.
Иницијативата е во партнерство со UNICEF MK
Повеќе фотографии на линкот: https://shorturl.at/rxyHW

Идентификација на приоритетите на политиката за конкурентност во Западен Балкан

Целта на проектот е да се идентификуваат и адресираат приоритетите на политиката за конкурентност во секоја од шесте економии од Западен Балкан, отклучувајќи ги можностите за раст за малите и средни претпријатија (МСП) во регионот. Проектот ја поддржува имплементацијата на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан (ЕИП) за периодот 2021 – 2027 година, со цел да се развие и спроведе сеопфатна програма за подобрување на конкурентноста на приватниот сектор во земјите од регионот.

Клиент: Европска банка за обнова и развој.