Регионално градење капацитети за транспарентност и усогласување со ЕУ во практиките за државна помош во Западен Балкан

Општа цел: Да се зајакнат регионалната соработка, транспарентноста и усогласувањето со ЕУ на практиките за државна помош во Западен Балкан преку целно градење капацитети, ангажман на засегнатите страни и дијалог заснован на докази.

Специфични цели:

  1. Зајакнување на институционалното знаење и регионалната соработка преку реализација на серија работилници и вебинари што ќе ги обединат органите за државна помош, комисиите за заштита на конкуренцијата и експертските институции од сите шест економии на Западен Балкан.

  2. Градење заедничко разбирање и консензус околу клучните приоритети за реформа на државната помош преку заеднички дискусии, избор на критични тематски области и колаборативен развој на методологија за кратки регионални позициони документи и патоказ за унапредување на транспарентноста и усогласувањето со acquis на ЕУ.

  3. Зголемување на јавната и институционалната свесност за транспарентно управување со државната помош преку активности за видливост, таргетирани комуникациски материјали и промоција на резултатите од регионалната соработка преку медиумите и мрежите на засегнатите страни.

  4. Зајакнување на улогата на мрежата WEBECON во регионалниот мониторинг и дијалог за државната помош преку активно вклучување на членовите на WEBECON во валидација на податоци, олеснување на ангажманот на засегнатите страни и заедничка рефлексија за практиките на државна помош, со што се унапредува нивниот аналитички и координативен капацитет.

Донатор: Western Balkans Fund

Анализа на изводливоста на модели на комбинирано финансирање

Проектот има за цел да развие практични и одржливи модели на комбинирано финансирање за обезбедување долгорочно функционирање на СРЗП содржините интегрирани во платформата EduIno. Целта на ангажманот е да се дизајнираат два до три конкретни модели на финансирање и истите да се валидаираат преку консултации со релевантни јавни, приватни и развојни засегнати страни. Фокусот ќе биде ставен на комбинирање на повеќе извори на финансирање за покривање на тековното одржување, ажурирање на дигиталните СРЗП материјали и идни унапредувања на платформата, при истовремено обезбедување силно институционално сопствеништво и усогласеност со националните политики и стратешки рамки.

Клиент: Фонд на Обединетите нации за население (UN Population Fund – UNFPA)

Мапирање на потребите на пазарот на труд на водечките компании во Северна Македонија

Основната цел е систематски да се мапираат тековните и настанувачките потреби од вештини, да се идентификува најакутниот недостиг од работна сила, да се анализираат структурните несовпаѓања меѓу побарувачката на работодавачите и понудата од образованието и обуките, и да се разгледаат потенцијалите за привлекување или институционализирана соработка со дијаспората.

Клиент: Westminster Foundation for Democracy (WFD)

Обука за следење на јавните набавки на општинско ниво

💡Денес, 12.12.2025, ја одржавме Обуката за следење на јавните набавки, каде 20 претставници на локалните јавни институции, граѓанскиот сектор и медиумите од Прилеп и Крушево, добија нови информации и знаење за правилно следење и спроведување на трошењето на јавните пари.
⏳️ Време е за ефикасно и транспарентно спроведување на јавните набавки!

Вебинар за усогласување на регулативата на државната помош

💻Се одржа првиот Вебинар за усогласување на регулативата на државната помош со правилата на ЕУ, на кој присуствуваа 35+ претставници на јавни институции кои ја контролираат, менаџираат и/или доделуваат државната помош во земјите од Западен Балкан.
📃 Олгица Спевец, експерт за државна помош и политики на конкурентност, го сподели искуството на Хрватска преку практични предизвици и научени лекции во пристапните фази – од перспектива на преговарач за Поглавје 8 и претседател на Хрватскиот совет за конкуренција.