Проектот има за цел да обезбеди независно и аналитичко следење на напредокот на економските реформи на Владата, во согласност со Програмата на Реформска агенда на ЕУ. Проектот се фокусира на:

  1. Управување со јавни финансии – следење на имплементацијата на Законот за буџети,
  2. Формализација на неформалната економија,
  3. Државна помош и нејзината транспарентност,
  4. Развој на малите и средните претпријатија – рационализација на парафискалните давачки.

Преку развој и следење на индикатори, квантитативна и квалитативна анализа, и визуелизација на наодите, проектот ќе испорачува редовен мониторинг и препораки. На крајот, целта е да се зајакне транспарентноста, отчетноста и ефикасноста во управувањето на јавните економски политики, во поглед на евроинтегративните приоритети.

Период: Јули 2025 – Јуни 2027

Recommended Posts