Finance Think придонесе со поглавје во Зборник од ЕТФ

Нашата работа ја предвидува секторската и професионалната побарувачка на работна сила во следната деценија, во рамките на публикацијата за променливите вештини во светот што се менува.

До публикацијата може да се пристапи тука:

https://www.etf.europa.eu/sites/default/files/2021-02/changing_skills_for_a_changing_world_1.pdf

Успешно заврши третиот од серијата вебинари за #ДржавнаПомош

Темата на вебинарот беше „Поим за државна помош и усогласеност на македонското законодавство со EU Acquis“ со нашата Десанка Димитрова. Четвртиот вебинар следува следната седмица и апликацискиот формулар ќе ги објавиме утре.

Труд во компендиум: Македонскиот пазар на труд во ќорсокак: Предвидување на побарувачката на трудот според сектор и занимање. Во: А. Фетси, У. Бардак и Ф. Росо (Ред.) Променливи вештини за променлив свет: Разбирање на побарувачката на вештини во соседните земји на ЕУ. Збирка статии на ЕТФ. Торино: Европска фондација за обука, стр.83-97.

Нашиот МК-МОД стана дел од колекцијата на вакви модели ширум светот

🎯 Колекцијата ја води и ажурира Центарот за микросимулација и анализа на политики од 🇬🇧 Обединетото Кралство.
MK-МОД е дел од 8️⃣ вакви модели на европското тло, од кои 1️⃣ ги интегрира сите 27 земји членки на ЕУ. Со тоа, Северна Македонија е една од 34 европски земји кои имаат развиен микросимулациски модел и единствената помеѓу земјите од Западниот Балкан.
https://www.microsimulation.ac.uk/euromod/models/mk-mod/