Автори: Благица Петрески, Деспина Туманоска
Пресметка на одржливото ниво на Македонскиот јавен долг
Целта на овој проект е да се произведе веродостојни проценки на одржливо ниво на Македонскиот државен и јавен долг.
Специфичноста на проектот вклучува ангажирање економист кој се стекнал со магистерски или докторски студии во Западна Европа или САД и кој е подготвен да помине шест месеци во Finance Think. Економистот ќе биде одговорен за следниве задачи:
- Пресметка на одржливото ниво на македонскиот јавен долг;
- Продуцирање студија за политиките, бриф за политиките и инфографик на темат;
- Вклучување во други истражувања и активности за застапување на Институтот;
- Вклучување во административни работи и организирање настани.
Донатор: Тинк-тенк фонд – Програмата за развој на млади професионалци
Времетраење: 6 месеци (2016-2017)
Бриф за политиките бр. 16 – Дали Македонските државен и јавен долг се одржливи?
Студија за политиките бр. 7 – Пресметка на одржливоста на Македонскиот државен долг
Родово-одговорен буџет на град Скопје
Целта на ова истражување е да ги идентификува јазовите во родовите политики и во имплементацијата на родово-сензитивен буџет на Град Скопје, како и да даде соодветни препораки за надминување на јазовите.
Истражувањето ќе даде потесен осврт на економскиот аспект на овие политики. Истражувањето ќе биде во три насоки: анализа на постоечки политики и имплементација, пристап до јавни услугии пазар на труд (градинки, училишта и здравствени услуги), родово сензитивно буџетирање.
Времетраење: септември – ноември 2016
Донатор: Центар за истражување и креирање политики
Застапување за економски политики базирани на докази и поттикнување критичка економска дебата во Македонија
Главната цел на овој проект е понатамошно да го зајакне организацискиот капацитет на Институтот за економски истражувања и политики “Finance Think” во поддршката на носителите на економските политики да испорачаат кредивилни политики базирани на истражувачки наоди, како и да ја поттикне дебатата во општеството за економските процеси и реформи.
Донатор: Think Tank Fund (Open Society Foundations)
Времетраење: 2 години (2016-2018)
Прогнозирање на големината и ефектите од иселувањето и дознаките во четири земји од Западниот Балкан
Целта на проектот е да се предвиди големината и влијанието на дознаките од странство и иселувањето во 4 земји од Западниот Балкан, преку нов метод: Делфи прашалник.
Поконкретно, проектот ги има следните задачи: 1) да обезбеди преглед на литература за прогнозирање на дознаките од странство и иселувањето; 2) да се соберат податоци преку прашалник Делфи од економски експерти и приматели на дознаки; 3) да се предвидат дознаките и иселувањето врз основа на податоците добиени во (2); 4) да даде препораки за политиките врз основа на предвидените трендови; и 5) да се споредуваат прогнозираните трендови меѓу четирите земји.
Донатор: Регионална програма за промоција на истражувањата
Партнери во проектот: ACSER Албанија, FREN Србија, индивидуален истражувач Косово
Времетраење: 6 месеци (2016)
***
Проектна средба, Истанбул, Турција, 27-30 Октомври 2016 – Агенда – Галерија
Тркалезна маса на тема “Иднината на дознаките од странство и иселувањето: Може тие да се предвидат?”, 22 ноември 2016 година, на Економскиот факултет во Прилеп – Покана и агенда – Галерија
Инфографикони – Mакедонија – Србија – Aлбанија – Koсово
Медимско присуство – MРT – Teлма – Нова Македонија
Резултати од прогнозирањето – Македонија – Србија – Албанија – Косово
FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство
Целта на проектот е да се истражи ефикасноста и квалитетот на избрани политики во областите на квалитет на животот, образование и здравство, преку јавна дебата и решенија за политиките кои произлегуваат од податоци и докази.
Проектот се очекува да ги донесе следните промени:
- Променето општо разбирање за важноста на конкретните политики и мерки во областите на квалитет на живот, образование и здравство
- Зголемена достапност на податоци во специфични области, кои поставуваат основа за донесување политики базирани на докази
- Поттикната јавна дебата и зголемена јавна свест за прашањата
- Зголемен притисок врз носителите на политиките за подобри и поефикасни јавни политики и мерки во горните области
- Подобрен капацитет за истражување, вмрежување и споделување експертиза
Проектот ќе ги испорача следните аутпути:
- Мапирање и избор на политики годишно во трите области (квалитет на живот, образование, здравство)
- Истражување и производство на резултати
- Поврзаност со медиумите и развој на аутрич производи
- Градење капацитет за тимовите и медиумите за користење податоци кост-бенефит анализи и решенија за политиките
Донатор: Британската амбасада во Скопје
Времетраење: Јули 2016 – Март 2018
Повик за изразување интерес (НВО) – Образец за пријавување (НВО)
Повик за изразување интерес (My story) – Образец за пријавување (My story)
Повик за учество во фокус групи
Повик за експерти – Образец за пријавување (експерти)
Дебатен клуб на експерти, Скопје, 26 октимври 2016
Работна средба, 26 април 2017
Повик за изразување интерес (новинари)
Да ја предизвикаме невработеноста во Западен Балкан: поттикнување на активните политики на пазарот на труд во Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија
Главната цел на проектот е да се придонесе за подобрување на активните политики на пазарот на труд и за зголемување на вработеноста во Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Поконкретни цели на застапувањето за политиките се: (а) да се идентификуваат правни, финансиски, и практични слабости во политиките за вработување, што резултира со слаба ефикасност и ниска ефективност; (б) да го осознае и продлабочи знаењето за клучните чинители во областа; (в) да ги поттикне чинителите да донесуваат информирани одлуки со обезбедување релевантни анализи и остварливи препораки за политиките во оваа област; и (г) да го постави прашањето за активните политики на агендите на релевантните носители на одлуки во овие три земји.
Донатор: European Fund for the Balkans
Партнери: Analitika – Center for Social Research (Босна и Херцеговина); Agenda Institute (Албанија)
Времетраење: Јануари – Август 2016
***
Тркалезна маса, Скопје, 20 октомври 2016 – Аgenda – Gallery – Пораки 1 2 3 4
Бриф за политиките – Мемо за политиките – Сутдија за политиките
Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд
Општата цел на проектот е да се зголеми активацијата на лицата кај кои постои ризик од социјално исклучување од пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини, образование, обука и олеснување на нивната целосна интеграција во општеството и пазарот на трудот.
Оваа општа цел е расчленета на специфични цели кои вклучуваат конкретни интервенции на три фронта:
- Цел 1: Подобрување на ефикасноста во вработувањето и социјалните услуги, како начин на унапредување на социјалното вклучување на ранливите и маргинализираните групи, преку помагање на стручните лица од Центрите за вработување и Центрите за социјална работа во развој на нови вештини како Ментори за социјално вклучување;
- Цел 2: Оспособување на ранливите и маргинализираните групи и вградување вештини и искуство потребни за надминување на пречките со кои се среќаваат на патот кон долгорочна работа и независност, преку програма за обука пред вработување и обезбедување работа или стажирање во локалните бизниси и социјални претпријатија;
- Цел 3: Поттикнување подобрувања во обезбедувањето услуги со дизајнирање нови услуги за поддршка на семејства, подигање на јавната свест, како и развивање ефективни партнерства меѓу клучните чинители (локална самоуправа, владини институции, невладини организации кои се вклучени во испорака на услугите, социјални партнери, даватели на образование и обука) за да се произведат резултати на теренот.
Донатор: Европска Комисија – Инструмент за претпристапна помош
Партнер: Центар за грижа на деца и семејства (КМОП) – Атина, Грција
Времетраење: 20 месеци (Јануари 2016 – Август 2017)
***
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА за зголемување на вработливоста на социјално ранлива категорија граѓани – – ПРИЈАВА за обука
Конкурс за уметничко дело – Извештај и оценка
Обуки за лица со ризик од социјално исклучување – Скопје– Охрид– Велес– Куманово
Бриф за политиките бр. 17 – Може ли социјалното менторство да ја зголеми вработливоста во земјава?
Прирачник за ментори – Протокол со мерки и услуги – Насоки за практична работа
Завршна конференција “Нови мерки за нови вработувања” – Aгенда – Галерија
***
ПОВИЦИ И ТЕНДЕРИ
Повик за тендер 02-279 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата
Повик за тендер 02-295 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата
Повик за тендер 02-315 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата
Повик за тендер 02-316 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата
Повик за тендер 02-325 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата
Повик за тендер 02-377 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата
Повик за тендер 03-213 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата
Повик за тендер 03-221 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата
Повик за тендер 02-411 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата
Повик за тендер – Обучувач 02-198/01
Повик за тендер – Експерт 03-337/01
Оглас за вработување – Финансиски службеник
Повик за тендер 02-83 – Барање за понуда – Образец
“Heroes and she-roes”: Знаење за анализа и застапување за еднакви плаќања на жените и мајките во Македонија (SHE-ROES)
Целта на овој проектот е точно да се измери родовиот јаз во платите (разликата во платите меѓу мажите и жените) и мајчинскиот јаз во платите (разликата во платите помеѓу мајките и бездетните жени) во Македонија и да се застапуваат решенија овие јазови.Во претходните истражувања е докажано дека Македонија се соочува со родов и мајчински јаз во плата од 12,5% и 8,7%, соодветно. Сепак, голем дел од жените остануваат надвор од пазарот на трудот и затоа не може да се земат предвид кога се пресметуваат овие јазови (бидејќи за нив нема набљудувана плата). Ова ги прави горенаведените бројки неточни, бидејќи веројатно е дека жените кога остануваат надвор од пазарот на трудот, тие не се случајно избрани да не работат. Оттука, главен предизвик е да се стекне знаење за правилно пресметување на јазовите во платите, односно економетриско (техничко) знаење за решавање на селективноста на пазарот на трудот.
Проектот предвидува активности во три столба:
- Професионален развој преку градење капацитет и директен трансфер на знаење.
- Заеднички истражувања.
- Градење на мрежи за застапување, промоција и соработка после проектниот циклус
Донатор: Know-how Exchange Program – Австрија преку Централноевропската иницијатива
Партнер во проектот (давател на know-how): Виенски институт за меѓународни економски студии
Времетраење: ноември 2015 – јануари 2017
***
Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени
Почетна средба, Виена, 21-22 декември 2015 – Агенда – Галерија
Обука “Економетриски методи за анкетни податоци”, Виена, 28-30 јануари 2016 – Агенда – Галерија
Истражувачки престој, Виена, 31 јануари – 3 февруари 2016 – Агенда
Работен состанок во Федералното Министерство за образование и жени, Виена, 1 февруари 2016 – Галерија
Конкурс за цртеж и стрип– Flyer – Call – Галерија и наградени
Работилница „Родов и мајчински јаз во платите: Политики, податоци и економетриски методи“, Скопје, 5 јули 2016 – Повик – Галерија
Тркалезна маса „Жените на пазарот на труд: Стереотипи и предизвици“, Скопје, 6 јули 2016 – Покана и агенда – Press release – Галерија
Истражувачки престој, Виена, 19 – 24 септември 2016 – Агенда – Галерија
Истражувачки семинари посетени во wiiw (Галерија):
- “Иновативна истрајност и модели на раст на фирми” Дарио Гуарашио од Универзитетот во Рим “Сапиенца”, 19 септември 2016
- “За иднината на Европската Монетарна Унија (ЕМУ): Таргетирани реформи наместо поголема фискална интеграција” Ана Иара, Европска Комисија – Генарален Секретеријат, 20 септември 2016
- „Просторот за индустриска политика во Европа“, Марио Пианта, 22 септември 2016
- “Скромно закрепнување во Истокот – нова неизвесност поради Брегзит, економските односи на Австрија со регионот и долгорочните структурни промени во ЦЕСЕЕ земјите” Марио Холзнер, 23 септември 2016
- „Поврзаноста во Централна Азија“ – меѓународна работилница, 15-16 декември 2016.
Работен состанок со родов експерт во Виенскиот универзитет за економија и бизнис, Виена, 22 септември 2016 – Галерија
Истражувачки престој, Виена, 14-15 декември 2016 – Агенда
Економски форум: „Родово еднакви плати за повисок економски раст“ – Скопје, 30 јануари 2017 – Агенда– Галерија– Родово одговорни компании
***
ФТ Коментар бр. 10 на економските аспекти на Националната Стратегија за родова еднаквост 2013 – 2020
Бриф за политиките бр. 15: Родовиот јаз во платите му штети на економскиот раст
Надградба на ЕдПлаКо-МК
Прирачник за правилна пресметка на јазовите
FISCAST: Градење капацитет и алатки за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија
Општата цел на проектот е двојна: прво, да се подобри капацитетот на граѓанското општество и медиумите да придонесат за економскиот дијалог во земјата, врз основа на докази, овозможувајќи повеќе партиципативно и транспарентно креирање на политиките, со силен фокус врз фискалните политики; и второ, да се зголеми свеста на јавноста за процесот на трошењето на јавните пари.
Поддржано од Британската амбасада во Скопје
Времетраење: Август 2015 – Март 2016