Летна школа „Анализа на податоци за јавните политики“

Главната цел на летната школа е да се обезбедат знаења, вештини и совети за анализа на податоци кои ќе се користат во анализата и оценувањето на јавните политики од страна на напредни студенти на додипломски студии, магистерски студенти, кандидати за докторски студии и млади научници од областа на економијата. Темата на летната школа е “Анализа на податоци за јавна политика”.

Летната школа ќе се фокусира на градење квантитативни вештини во следните домени:

  • Основна регресија и претпоставки кои лежат во основата на класичниот модел на линеарна регресија
  • Дијагностичко тестирање
  • Вовед во анализа на податоци со Stata (основни команди, визуализации, вкрстени табели)
  • Примена на основите на регресија за пресметување на родовата разлика во платите
  • Селекција во економетријата: моделот на Хекман
  • Селекција во економетријата: Повторени импутации (симулациски вежби)
  • Декомпозиција на Оаксака-Блајндер
  • Квинтална регресија
  • Вовед во анализа на податоци користејќи Р
  • Мешани линеарни модели
    Учесниците ќе имаат можност да ги научат знаењата директно во Stata и R, водени од истакнати регионални научници, вклучително и интерактивни и динамични дискусии.

 

Донатор: Фонд за Западниот Балкан

Партнери: Школата за бизнис и економија при Универзитетот во Сараево и Научно-истражувачкиот центар при Универзитетот во Белград

 

***

Повик за апликации

Буџетирање одговорно кон Ромите во Северна Македонија

Целта на проектот е да ги пилотира насоките за буџетирање кои се однесуваат на Ромите преку градење на капацитетите на државните службеници, избирање буџетски програми и примена на насоките, што ќе резултира со два поднесока до буџетот за 2020 кои се однесуваат на Ромите.

 

Донатор: Регионален Совет за Соработка

Времетраење: Април – Јуни 2019

 

Капацитет и иновација на туристичките услуги за одржлив локален економски развој – Нов пристап преку развој на алтернативни туристички атракции

Севкупната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку градење капацитети на локалните засегнати страни вклучени во ланецот на туристичка понуда, зголемен квалитет на услугите и развој, лансирање и продажба на алтернативните туристички атракции.

Индиректните очекувани придобивки вклучуваат развој на нови локални брендови и неконвенционални туристички атракции за регионите, коишто на долг рок ќе ги зајакнат регионите како туристички дестинации, ќе привлечат повеќе туристи, а со тоа и поголеми приходи и ќе се промовираат локалните традиционални вредности како клуч за намалување на сиромаштијата и за инклузивен економски раст.

 

Оваа општа цел е поделена на посебни цели коишто вклучуваат конкретни интервенции на три фронта:

  • Специфична цел 1: Економски да се поттикнат општините преку подобрување на вештините и зајакнување на капацитетите на локалните засегнати страни (даватели на туристички услуги, бизнис сектор, невладини организации) за: комуникација, испорака на услуги, услужна култура / однесување, лидерство во туризам, брендирање, промоција и туристички насоки;
  • Специфична цел 2: Да се развијат алтернативни туристички атракции кои промовираат традиционална култура и еколошки аспекти на општините;
  • Специфична цел 3: Да се лансираат и да се промовираат развиени алтернативни туристички атракции во пет дестинации, и да се развие голема мрежа на врски помеѓу локалните, регионалните и националните чинители.

 

Донатор: Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) (Светска банка & ЕУ)

Времетраење: Јануари – Септември 2019

 

Тендери

Повик за експерт – Услови за работење