Нашата најнова #книга на Амазон!

🚀 Со гордост ви ја претставуваме нашата најнова #книга “The Path Forward – Lessons from the Western Balkans’ Food and Energy Insecurities”, меѓународна публикација достапна на #Amazon, објавена од #LambertPublishing! 🔥
📖 Овoj компендиум од студии ги анализира најголемите тековни економски предизвици на Западниот Балкан – енергетската криза, зголемените цени на храната, фискалната отпорност и владините политики. Како регионот се справува со овие кризи? Кои мерки функционираат, а каде има простор за подобрување? 👉 Нашата книга нуди конкретни препораки за посилна економија и одржлив развој.
🌍 WEBecon Network, единствената регионална мрежа на економски тинк-тенкови, стои зад ова издание, продолжувајќи ја својата мисија за креирање политики засновани на докази и податоци.
📌 Достапна на: Amazon – https://amzn.to/4io8gpd
📢 Поддржете ја оваа иницијатива – споделете, читајте, дискутирајте!
Создавањето на студиите и на оваа книга е поддржано од SMART Balkans.

Подобрување на деловната продуктивност: Сеопфатна анализа на продуктивноста и нејзините двигатели во фирмите во Северна Македонија

Овој проект ќе обезбеди емпириски докази за детерминантите на деловната продуктивност во Северна Македонија, нудејќи увиди што можат да ги насочат одлуки на носителите на политиките и деловните стратегии. Преку интегрирање ригорозна квантитативна анализа со реални деловни согледувања, истражувањето има за цел да го надмине јазот помеѓу наодите и спроведувањето на политиките, поттикнувајќи поконкурентно и поефикасно деловно опкружување во земјата.

Клиент: Организација на работодавачи на Македонија

 

Дискусија со бизнис секторот за продуктивноста, со фокус на жените

📢 На денешната дискусија со бизнис сектор, дискутиравме за:
📈Практики од бизнис секторот за продуктивноста и активација на работната сила, со особен фокус на жени.
⚙️Потребите и неопходните промени во регулативата и политиките за да се зголемат продуктивноста и целосна искористеност на економскиот потенцијал на жените. 🚀
🎯 Ги валидиравме дизајнираните препораки, од нашите истражувања
Дискусијата беше организирана во соработка со British Business Association in North Macedonia и поддржано од British Embassy Skopje
Следете не!