Го претставивме нашиот модел за проекции во Загреб

Finance Think, заедно со колегите макроекономисти од централните банки и министерствата за финансии од регионот, учествуваше на настан за размена на искуства и модели за проекции во Западен Балкан, во Загреб, Република Хрватска.
🚀 Го претставивме нашиот економетриски модел за продукција на годишната проекција за растот на БДП, како и моделот МК-МОД.
Настанот беше организиран од World Bank Croatia во склоп на Macro-learning Peer Events.
🇲🇰 Горди сме што работата на Finance Think е препознаена на регионално ниво.

Работен ручек со делегација од Германскиот Бундестаг

На 16 септември 2024 година, Благица Петрески од Finance Think учествуваше на работен ручек со делегација од Германскиот Бундестаг, организиран од заменик амбасадорот Jan-Axel Voß од Амбасадата на СР Германија.

Разговорите се фокусираа на теми поврзани со трудот и социјалната политика, со цел да се поттикне соработката помеѓу двете земји во овие важни области.

Finance Think на расправа во Европскиот економски и социјален комитет

Благица Петрески, претставувајќи го Finance Think учествуваше на расправата во EEESC – European Economic and Social Committeeза подобрување на фискалната транспарентност! Врз основа на искуството од последнава #деценија и најдобри #практики имплементирани од Finance Think, клучните теми кои беа дискутирани вклучија:
📌 Застапување базирано на податоци: Користење докази за поттикнување промени.
📌 Достапно буџетирање: Поедноставување комплексни податоци со кориснички алатки, како што е платформата FISCAST (www.fiscast.mk).
📌 Партиципативно буџетирање: Вклучување на граѓаните во одлуки за буџетот, со фокус на случајот на партиципативното буџетирање во Северна Македонија.
Нашата работа значително ја подобри транспарентноста и вклученоста на граѓаните во земјава. 🚀💡

Finance Think на комуникациска работилница од Цивика мобилитас

Нашата Бојана Ѓуроска учествуваше на работилница во 📍 организација на Civica Mobilitas.
💡 Работилницата беше насочена кон подобрување на комуникациските стратегии и адаптација кон навиките на целните групи.
👁️‍🗨️ Прочитајте повеќе: bit.ly/3Tk5OG3