Finance Think на 9-тиот Форум на граѓанското општество во Западниот Балкан во Солун

Finance Think учествуваше на 9-тиот Форум на граѓанското општество во Западниот Балкан, кој на 19 и 20 октомври 2023 се одржа во Солун, Република Грција, во организација на EESC – European Economic and Social Committee.
🌎 Во фокусот на Форумот беа #вештините и Младинската гаранција, како и #зелената агенда, кои се составен дел на нашите истражувачки програми.
Форумот собра 120 учесници, вклучително и широк спектар претставници на граѓанското општество од ЕУ и Западен Балкан, како и претставници на институциите на ЕУ, меѓународните организации и владите од регионот.

Втор дебатен клуб за повеќедимензионалната детска сиромаштија

Денес го одржавме вториот дебатен клуб за идентификување преклопувања во политики, недостатоци, приоритети и заеднички цели сврзани со повеќедимензионалната детска сиромаштија.

На клубот учествуваа претставници од секторите социјална заштита, образование и здравство, и од Државен завод за статистика.

Клубот го спроведовме во склоп на партнерската акција со UNICEF MK.

Finance Think на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Маракеш

Нашата Благица Петрески учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка кои годинава се одржуваат во Маракеш, Кралството Мароко, 9-15 октомври 2023.
Недела исполнета со #дебата, #истражувачка инспирација и нови погледи за глобалните и домашните економски #политики.