Економистите од WEBecon Network во подкастот „Каде се парите?“

Бојкот. Незадоволство. Скапотија.
Регионот се бунтува против високите цени во продавниците.
Но, дали кризата е при крај и ова се само последните, задоцнети последици од неа?
Дали регионот во овие четири години сериозно осиромаши?
Дали ако имаме нова криза, ќе може да се справиме со неа?
Одговорите на овие дилеми ги даваат нашите економисти од WEBecon Network:
📌 Марија Башеска од Finance Think, Северна Македонија
📌 Војин Голубовиќ од ISSP, Црна Гора
📌 Лазар Ивановиќ од Centar za visoke ekonomske studije – CEVES, Србија
📌 Амела Курта од CREDI, Босна и Херцеговина
Во подкастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов на Pari.com.mk.
👇👇👇
https://www.youtube.com/watch?v=mFkYg0UkKJA

Регионална дебата „По енергетската криза“

📣 На 21 јануари се одржа Регионалната дебата за јавни политики „По енергетската криза: Патоказ за енергетска самоодржливост во регионот на Западен Балкан – научени лекции и патот напред“.
🗣 На дебатата дискутиравме за како да станеме енергетски поотпорен регион, како и за социо-економските импликации од зелената транзиција.
➡️Следете нè! Во следниот период ќе организираме уште една Регионална дебата за јавни политики во областа на прехранбената сигурност.