
Растот на цените беше скоро целосно воден од #надворешни фактори во текот на 2022 година. Меѓутоа, кога тие цени започнаа да бидат во значајна надолна линија … тие падови не се пренесоа соодветно во домашната економија. Во делот на храната, домашните фактори се сведуваат на #здружено дејство на трговците и, некаде, на производителите/преработувачите, во насока на одржување на цените.