Aкција за формализирање на микро-вршители на економска дејност во неформалната економија
Целта на оваа акција е да се зголеми формализацијата на микро-фирми во Северна Македонија, односно на вршители на економска дејност во неформалната економија. Оттука, акцијата ја адресира правната неформалност. Поконкретните цели на акцијата вклучуваат:
- Да ги разбере причините за неформалноста на микро-вршителите на дејност во неформалната економија (високи давачки, висок административен товар, мала веројатност да бидат откриени, слаба информираност за бенефитите од формализација итн.)
- Да ја разбере дејноста на неформалните микро-вршители на дејност
- Да дизајнира мапа/листа на сите давачки, вклучително и парафискални давачки, сврзани со основањето микро-бизнис и со неговото водење во почетните години
- Да предложи: а) план за намалување на трошоците за фирмализација на микро-вршители на дејност, вклучително и рационализација на давачките идентификувани во 3; и б) мерки на политиките (фискални, трудови, информирање) кои ќе поттикнат поголема формализација на микро-вршителите на дејност.
Клиент: ГИЗ Северна Македонија
Изјава: “Справувањето со сиромаштијата бара конкретна акција”
Цитирање: „Ребалансот на буџетот под лупа на аналитичарите“
Во интервју за неделникот Капитал, Благица Петрески зборува за #економските политики
До интервјуто може да се пристапи тука.