Целта на проектот е да се зајакнат заедниците и креаторите на политики во Западен Балкан да ги прифатат Зелените индустриски политики како патека кон одржлив економски развој и праведна енергетска транзиција, преку поврзување на локалните предизвици со националното креирање политики и регионалната соработка.

Специфични цели

  1. Јакнење на ангажманот на заедниците – Организирање локални дискусии и настани во области погодени од загадување или економска ранливост, со цел подигање на свеста и собирање мислења за зелената транзиција и индустриските политики.

  2. Поттикнување на политички дијалог на национално ниво – Организирање високо ниво тркалезна маса со претставници од власта, граѓанското општество, индустријата и академијата, за јакнење на националниот консензус и насоката на политиките за зелени индустриски политики.

  3. Промовирање на јавна свест и информираност – Објавување на оп-ед во национални медиуми и ширење разбирливи инфографици преку социјални мрежи, за да се доближат придобивките од Зелените индустриски политики до пошироката јавност.

Донатор: Фондациja Отворено општество – Западен Балкан, преку Институт ГАП.

Recommended Posts