Со жителите на Прилеп и Крушево одржавме фокус група

🗣Со жителите на Прилеп и Крушево дискутираме за нивните потреби и приоритите за подобрување на квалитетот на живот на локалните жени и мажи, со цел креирање родово-одговорни политики и програми.
Активноста е дел од проектот „Родово-одговорно планирање на локално ниво: Случајот со Прилеп и Крушево“ поддржан од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“ финансирана од Европската Унија и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.

Finance Think учествува во изградбата на ресурси за градење капацитети за партиципативни практики

Finance Think, како членка на меѓународната мрежа People Powered, учествува во изградбата на ресурси за градење капацитети за партиципативни практики преку споделување на своите алатки и искуства од партиципативно буџетирање во земјата.
🔍 На денешната средба дискутиравме за претстојните активности за развој на ресурси и градење капацитети за инклузивни практики за маргинализирани лица.

Finance Think на регионална тркалезна маса

Нашата Благица Петрески учествуваше на дискусијата на тема „Еден пазар за закрепнување по ковид-19: Вишеград-4 во поддршка за промовирање на заедничкиот регионален пазар на економиите од Западниот Балкан“ организирана од Crnogorska panevropska unija / Montenegrin Pan-European Union.

Можностите за соработка ги дискутиравме на средба со Управата за јавни приходи

Средбата се одржа онлајн, со директорката на Управа за Јавни Приходи – УЈП, Сања Лукаревска и нејзиниот тим.

Finance Think ќе даде аналитичка поддршка, базирана на #докази и водена од #податоци, во областите на делување на Управата, како што се јакнењето на капацитетите за прибирањето на даноците, борбата со сивата економија, даночната транспарентност и отчетноста кон јавноста и сл.