Успешно заврши Економскиот форум за државната помош

На економскиот форум беа претставени резултатите од најновата студија, а во дебатата учествуваа вицепремиерот Битиќи, претставникот на Делегацијата на ЕУ, г-дин Јанмат, и директорите на ДТИРЗ и ФИТР, Деспотовски и Петров.

Ги повикуваме локалните чинители во општините за учество на програмата за јакнење на капацитетите

Претставниците на локалните организации, институции, бизниси, медиуми, активисти и останати локални чинители имаат можност преку учество на програмата да станат активни учесници во донесувањето одлуки на локално ниво и да ја следат финансиската транспарентност на општините.
Пријавување на линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdRGG2yiuzy0G1Wqkxh0xSIveaFIzrmnh0jYvHbzGSPIFCoEQ/viewform?edit_requested=true&fbclid=IwAR16_bVpPq8ARkjPe2G1aZqn78wNupbIG2fF1YhmZgOkAtTEY1GQSmLy9X8

Градењето капацитети на локалните чинители е дел од акцијата: „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки”, кој Finance Think го спроведува заедно со AGORA, Квантум Прима и ЛАГ Агро Лидер, со поддршка од @Delegation of the European Union, Skopje.

Меморандум за соработка со Општина Крушево за мапирање на парафискалните давачки

Општина Крушево е прва од 21 општина која ќе изработи регистар на #парафискални давачки и ќе ја подигне финансиската транспарентност.
Денес, потпишавме Меморандум за соработка во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, поддржан од Delegation of the European Union, Skopje.