Втората обука таргетираше граѓански организации, со цел да пренесе вештини за економска анализа и визуелизација на податоци.
На тековни економски теми, Благица Петрески во Утрински брифинг
Интервјуто го водеше Александар Чомовски и може да се види овде.
Благица Петрески дискутираше за актуелни економски теми во Топ тема
Успешно заврши првата од серија обуки за економска анализа
Нашите наоди и препораки пред Агенцијата за вработување
Finance Think на 8. Форум на граѓански организации за Западен Балкан
Finance Think учествува на 8. Форум на граѓански организации за Западен Балкан во организација на Европскиот економски и социјален комитет – EESC – European Economic and Social Committee.
Дијагностиката на општинските пазари на труд пред локалните економски совети
Во соработка со канцеларијата на International Labour Organization изработивме дијагностика на пазарот на труд за девет општини во земјата. На денешната средба ги претставивме резултатите, кои се дел од акцијата за Зајакнување на социјалниот дијалог- РСМ. Презентацијата беше пред клучните чинители, вклучувајќи ги: локалните економски совети, претставници на Општините, Министерство за труд и социјална политика, центрите за вработување.
Finance Think на Денот на граѓански организации
💰 Ги истражуваме потребите на жителите од населените места во Општина Крушево
Теренското прибирање податоци е во склоп на проектот „Буџет за сите: Граѓански консултации за креирање буџет според локалните потреби“ во рамки на иницијативата #Weber2.0 од Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute – EPI.
Обука за финансиска транспарентност, парафискални давачки и јавни набавки
🧑🏫 Финансиската транспарентност, парафискалните давачки и јавните набавки во општините беа теми на првата обука од програмата за јакнење на капацитетите на локалните чинители, испорачана од проф. Борче Треновски. Претставници од локалните администрации, организации и активисти учествуваа на оваа динамична и интерактивна онлајн сесија, преку која стекнаа нови знаења, но и дискутираа за постоечките проблеми на локално ниво.
Активноста ја реализира нашиот партнер AGORA, во рамки на проектот за финансиска транспарентност на општините, финансиран од Delegation of the European Union, Skopje, а имплементиран од Finance Think, Agora, Квантум Прима и ЛАГ Агро Лидер.









