Нашите препораки во Извештај на Стејт департментот

Finance Think веќе алармираше и даде сугестии за дел од констатациите на Стејт Департментот за инвестициската клима во Северна Македонија во рамките на Студија бр. 33: Потенцијалот на извозноориентираните компании да придонесат за економско закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија, со што би се надминале ограничувањата и искористиле потенцијалите на извозноориентираните компании во земјата.

Ја продолжуваме соработката со општините

Општина Боговиње е една од 21 општина која ќе изработи регистар на #парафискални давачки и ќе ја подигне финансиската транспарентност.
Денес, потпишавме Меморандум за соработка во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, поддржан од Delegation of the European Union, Skopje.

Учество на работилница во рамките на проектот WeBER 2.0

Нашата Сандра Соколенко-Тодороска учествува на работилницита за грантисти во рамки на проектот ВеБЕР 2.0: Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформирана јавна администрација, која се одржува во периодот 7- 9 јули во Маврово во организација на Институт за европска политика (ЕПИ).

Прочитајте го нашиот најнов ФТ Став бр. 53 за намерата да се воведе 🌎 еколошка такса

1️⃣ Еколошката такса ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво (инфлацијата) кој би се движел од 0.15 до 0.3 проценти.
2️⃣ Иако релативно мал, ценовниот ефект не треба да се потценува. Препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, и тоа: 1.5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022.
3️⃣ Силно препорачуваме да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција.
4️⃣ Препорачуваме Владата да го отвори прашањето за финансирање на зелената транзиција за поширока дебата и консултации, вклучително и за алтернативните модели за финансирање.

Промо на нашата работа врз оценка на ефектите од Ковид-19 врз 🚜 земјоделските работници.

Во претходниот период, две активности сврзани со тоа вклучија:
1️⃣. Објава на нашиот Бриф за политиките бр. 46 (bit.ly/3wfv8Q5) во специјализираното списание Зелена Берза, со цел да допре до што поширок опсег земјоделци;
2️⃣. Дисеминација на нашата брошура за зајакнување на земјоделките (bit.ly/38aNNmT) на настанот „Селанска буна“ организиран од нашите пријатели ЛАГ Агро Лидер во селото Славеј, Прилепско.
Сите активности се во склоп на проектот за оценка на ефектите од Ковид-19 врз ранливите групи работници, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија