Објавен труд во високорангирано списание

Нашето истражување за пензиската реформа од 2018 година, кое беше прифатено за објава во меѓународното списание 📚 Journal of Pension Economics & Finance, доби том 20 и јануарски број 1 од 2021, стр.49-66.
JPEF има импакт фактор од 1.261 на Web of science
.

Консултативна средба за прелиминарни наоди од студија

Денес, пред релевантните чинители и носителите на политиките, ги презентиравме клучните наоди и препораки од студијата 📖 „Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија“, која ќе биде објавена #наскоро.
Истражувањето е дел од проектот „Остварување на потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за закрепнување по Ковид-19“, поддржано од British Embassy Skopje.

Успешно заврши економскиот форум за социоекономските ефекти од Ковид-19

Економскиот форум го организиравме заедно со нашите партнери, семејството на Обединетите Нации во Северна Македонија. На форумот се обратија проминентни чинители: носители на политики, претставници на меѓународните институции и академската заедница. Кликнете за галерија.

Continue reading

Економски форум за социо-економските последици од Ковид-19

📢 Нашата работа во 2020 посветена на анализа на економските, социјалните и развојните ефекти од ковид-19, ја заокружуваме со економски форум, со семејството на Обединетите Нации. Кои лекции ги научивме од КОВИД-19? Како до побрзо закрепнување?
На конференцијата ќе се обратат сите клучни чинители во социо-економската сфера во земјата.

Среќен 8. роденден, Finance Think!

Осмиот роденден го прославуваме во услови наметнати од пандемијата од Ковид-19, чии економски и социјални ефекти ги следиме и анализираме од самиот почеток: 3 студии за политики, 4 брифови за политики, 10 предлог-мерки, прецизни проекции, 42 визуелни производи…

Нова Студија за политиките!

Нашата најнова 📖 Студија за политиките 32, подготвена во партнерство со Канцеларијата на резидентниот координатор на Обединетите нации, дава детален дизајн и проценети трошоци и ефекти од 9️⃣ мерки чие спроведување ќе ги ублажи социо-економските последици од 🦠 ковид-19. 🔗 Повеќе: bit.ly/3nludcb.

Finance Think учествуваше на јавната расправа за предлог-Законот за буџети

Благица Петрески, извршен директор на Finance Think ги образложи забелешките од нашиот ФТ Коментар бр. 30 на предлог Законот за буџетите (bit.ly/3ov58f1), односно потребата од допрецизирање и детализирање во делот на среднорочното буџетирање, фискалните правила и фискалниот совет. Расправата ја организираше Министерството за финансии.