Регионално градење капацитети за транспарентност и усогласување со ЕУ во практиките за државна помош во Западен Балкан

Општа цел: Да се зајакнат регионалната соработка, транспарентноста и усогласувањето со ЕУ на практиките за државна помош во Западен Балкан преку целно градење капацитети, ангажман на засегнатите страни и дијалог заснован на докази.

Специфични цели:

  1. Зајакнување на институционалното знаење и регионалната соработка преку реализација на серија работилници и вебинари што ќе ги обединат органите за државна помош, комисиите за заштита на конкуренцијата и експертските институции од сите шест економии на Западен Балкан.

  2. Градење заедничко разбирање и консензус околу клучните приоритети за реформа на државната помош преку заеднички дискусии, избор на критични тематски области и колаборативен развој на методологија за кратки регионални позициони документи и патоказ за унапредување на транспарентноста и усогласувањето со acquis на ЕУ.

  3. Зголемување на јавната и институционалната свесност за транспарентно управување со државната помош преку активности за видливост, таргетирани комуникациски материјали и промоција на резултатите од регионалната соработка преку медиумите и мрежите на засегнатите страни.

  4. Зајакнување на улогата на мрежата WEBECON во регионалниот мониторинг и дијалог за државната помош преку активно вклучување на членовите на WEBECON во валидација на податоци, олеснување на ангажманот на засегнатите страни и заедничка рефлексија за практиките на државна помош, со што се унапредува нивниот аналитички и координативен капацитет.

Донатор: Western Balkans Fund

Воспоставување платформа за дијалог и транспарентност на политиката за државна помош во Западен Балкан-6

Главната цел на овој проект е да се зголеми пристапот до податоци за државна помош, да се продлабочи регионалната интеграција и усогласеноста на политиките за државна помош со стандардите на ЕУ преку зголемена транспарентност и соработка со засегнатите страни.

За да се одговорат на овие предизвици, проектот ќе се фокусира на следниве конкретни цели:

  • Развој на сеопфатна веб-платформа за олеснување на отворен дијалог и пристап до податоци и информации за државна помош;

  • Изградба на консензус меѓу засегнатите страни за стратешките насоки на политиката и практиката на државната помош (продлабочување на ангажманот со засегнатите страни кој беше успешно инициран во претходната фаза);

  • Залагање за подобрено управување со државната помош преку редовно ажурирана база на податоци, целни брифинзи и вклучување на јавноста.

Донатор: Фондации Отворено општество – Западен Балкан

Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области

Проектот е насочен кон поттикнување партиципативна и одговорна демократија во развојните сектори (образование, здравство, социјала и економија) на Северна Македонија, каде што гласот на граѓаните е слушнат, приоритетите се транспарентно поставени и политичките ветувања постојано се преточуваат во опиплива реалност, обезбедувајќи одржлив социо-економски напредок и инклузивен раст.

Општа цел на проектот е да промовира делиберативна демократија во реформите во клучните развојни области (социо-економски, образование и здравство) со фокус на млади и жени, преку ангажман на различни чинители во процесот на приоритизација на реформи и поттикнување политичка одговорност преку следење на исполнуањето на политичките ветувања.

Специфични цели вклучуваат:

  • Да се идентификува во која мера политики дефинираните приоритети се во согласност со приоритетите на граѓаните
  • Да се креираат докази за јазовите помеѓу политичките ветувања и потребите, и јазовите во реализација на политичките ветувања
  • Да се поттикен политичка одговорност и зајакне свеста на граѓаните, преку следење на имплементацијата на политичките ветувањата користејќи го Економскиот Компас како дигитална алатка

Донатор: Цивика мобилитас

Finance Think е поддржан од Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Социоекономска проценка на општините под влијание на јаглен во Северна Македонија и Косово

Целта на проектот е: 1) да се проценат социо-економските последици (ризици и можности) од транзицијата од јаглен за заедниците директно и индиректно погодени од затворањето на рудниците и електраните на јаглен, и 2) да информира за дизајнот на локалните планови за транзиција – односно планови кои се однесуваат на дистрибутивните последици од затворање на рудникот/електраната, притоа искористувајќи ги можностите за развој за погодените заедници.

Донатор: Светска Банка

Државна помош и странски директни инвестиции во земјите од Западен Балкан: Поттикнување на транспарентноста и создавање простор за регионална координација на инвестициските политики

Општата цел на проектот е да се подобри транспарентноста и да се генерираат докази за државната помош поврзана со СДИ во контекст на регионалната интеграција на земјите од Западен Балкан.

Целокупната цел е поделена на следните специфични цели:

  1. Да се идентификуваат (мапираат) програмите за државна помош и клучните мерки и да се поврзат со мерливи индикатори за ефективност,
  2. Да обезбедат докази за државната помош доделена на странски компании во поглед на нејзината ефикасност и поддршка на регионалната интеграција,
  3. Да се зголеми јавната свест на регионално, национално и локално ниво преку влијание на јавниот дискурс за важноста на транспарентноста на државната помош и усогласувањето со барањата на ЕУ и како промотор на регионалната интеграција.

Донатор: Фондации Отворено општество – Западен Балкан

Дијагностика на неформалната економија во Северна Македонија

Целта на акцијата е да се дијагностицира неформалната економија, да се прецени нејзината големина и големината/важноста на нејзините различни аспекти, потпирајќи се на податоците од даночната администрација. Со тоа, акцијата ќе создаде патоказ на дејствија и насока на ресурсите кои ќе дадат максимален резултат.

Донатор: Меѓународна организација на трудот

Времетраење: Септември – декември 2023

Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан

Главната цел на проектот е да генерира докази и да поттикне дијалог на политиките за прехранбената и енергетската несигурност во економиите на Западен Балкан, релевантни за четири клучни фронтови: егзистенција на домаќинствата, конкурентност на фирмите, фискален простор и регионална интеграција.

Continue reading

Акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет

Општата цел на акцијата е да ги анализира и следи буџетските трошења за антикризните мерки, на национално и локално ниво, и да предложи модификација и/или нови мерки во услови на нагласена потреба од рационализација на трошењето на јавните пари.

Continue reading

Знаење, мерки и дијалог на политиките за заштита на децата од кризата со храна и енергија

Примарната цел на проектот е да генерира докази за влијанието на кризата со храна и енергија врз севкупната и детската сиромаштија, како и сиромаштијата со храна и енергетската сиромаштија, кои ќе се користат како основа за дизајнирање патоказ за мерки на политиките на национално ниво .

Донатор: УНИЦЕФ

Времетраење: декември 2023 – февруари 2024 година

Студија за испитување на побарувачката за зелено и социјално финансирање во Северна Македонија

Целта на оваа студија е да се спроведе дијагноза – пазарни анализи на секторите со висок потенцијал во Северна Македонија од зелена и социјална гледна точка и да се процени пазарниот потенцијал за нови развојни кредитни линии.

Клиент: Француската развојна агенција

Партнер: ГФА Консултантска група