Интерактивен и повеќесекторски механизам за следење на исполнувањето на политичките ветувања сврзани со економијата

Целта на проектот е да промовира мониторинг и мерење на економски цели и резултати од политичко-владини програми, преку користење докази, наоди и податоци и преку поттикнување повеќестран општествен ангажман.

Акцијата ќе ги постигне следните резултати:

Р.1 Поставена е рамка за мерење на економски цели и резултати, во контекст на политички и владини програми, преку користење докази, наоди и податоци;

Р.2 Изградени се вештини кај засегнатите страни за критичка анализа на можните и вистинските резултати од политичките ветувања во делот на економијата;

Р.3 Засегнатите страни го збогатуваат јавниот дискурс преку критичка, аргументирана и жива дебата за изводливоста, резултатите и трошокот на политичките ветувања во економијата.

 

Донатор: Цивика Мобилитас

Времетраење: Мај 2020 – Мај 2022

 

Промовирање докази и дијалог за зајакнување на ефектот од државната помош врз благосостојбата на потрошувачите во Северна Македонија

Целта на акцијата е да се промовираат докази и да се поттикне дијалог за улогата на државната помош за благосостојбата на потрошувачите во Северна Македонија.

Специфичните цели на акцијата вклучуваат:

  • Да се разберат постојните форми на државна помош во Северна Македонија и нивната (заемна) конзистентност во рамките на целокупното монополско законодавство и законодавството на ЕУ;
  • Да се обезбедат цврсти докази за тоа дали државната помош ја нарушува конкуренцијата на пазарот, со примена на најголемата владина програма за субвенционирање на приватни компании;
  • Да се подобри дијалогот меѓу засегнатите страни, како и да се подигне јавната свест, за државната помош, усогласувањето со законодавството на ЕУ и благосостојбата на потрошувачите.

 

Со постигнување на овие цели, акцијата значително ќе придонесе за зајакнување на улогата на државната помош за конкуренцијата на пазарот и, оттука, на благосостојбата на потрошувачите.

 

Времетраење: Февруари 2020 – Февруари 2021

Донатор: Balkan Trust for Democracy – Norwegian Embassy Belgrade

 

Заедничка анализа на земјата – економски и социјални трендови

Целта на проектот е да изврши синтеза на постојното знаење во областа на економски, социјалните и развојните трендови и политики во Северна Македонија, да ги идентификува групите од населението кои се најмногу заостанати во поглед на серија развојни индикатори, да идентификува кратко- и среднорочни ризици, како и јазови во знаењето и податоците, се` во контекст на одржливите развојни цели.

 

Нарачател: Канцеларија на резидентниот координатор на ОН

Времетраење: Ноеври 2019 – Март 2020

 

Понатаму од доходната нееднаквост во Северна Македонија

Целта на проектот е да обезбеди преглед на нееднаквостите во Северна Македонија понатаму од доходот, т.е. нееднаквости во можностите во четири критични области: образование, здравство, пазар на труд и правда.

 

Нарачател: УНДП

Времетраење: декември 2019 година – јануари 2020

 

Економски компас – мерење на ефектите од предложените даночно-социјални политики на политичките партии

Целта на проектот е да ги процени ефектите од економските, социјалните и дел од развојните политики кои ќе ги предложат политичките партии во нивните изборни програми за парламентарните избори 2020, преку користење на МК-МОД Микросимулациски модел за даноци и социјални надоместоци.

 

Донатор: Civica Mobilitas (делумно финансирање)

Времетраење: Декември 2019 – Јули 2020

 

Одржлив економски раст преку промовирање алтернативни туристички атракции

Главната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку промовирање развиени алтернативни туристички атракции.

Индиректните очекувани придобивки вклучуваат развој на нови локални брендови и неконвенционални туристички атракции за регионите кои на долг рок ќе ги зајакнат како туристички дестинации, ќе привлечат повеќе туристи и со тоа ќе го зголематдоходот и ќе ги промовираат локалните традиционални вредности како клуч за намалување на сиромаштијата и за инклузивен економски раст.

 

Донатор: Амбасада на САД

Период: Септември – Декември 2019

 

Премостување на јазовите меѓу мултинационалните компании и домашните МСП во Македонија

Главната цел на Акцијата е да се воспостават и / или да се подобрат врските помеѓу домашните МСП (дМСП) и мултинационалните компании (МНК) кои работат во Македонија, со крајна цел да се зголеми конкурентноста на домашниот бизнис сектор.

Оваа сеопфатна цел е поделена на специфични цели:

  1. Подобро да се совпаднат побарувачката и понудата помеѓу дМСП и МНК преку адресирање на пречките за снабдување во синџирите на вредност и мапирање на потенцијалните синџири на вредност;
  2. Да се ​​надгради капацитетот на дМСП со вештини да се “продаваат” себеси на МНК; идентификација на можности, градење мрежи и подобрување на ефикасноста;
  3. Да се ​​намали технолошкиот јаз помеѓу дМСП и МНК преку подобрување на капацитетите и информациите за стандардизација и лиценцирање, зголемување на иновацискиот и капацитетот за истражување и развој и поттикнување имплементација на нови технологии;
  4. Да се ​​поттикне вмрежување помеѓу дМСП и МНК преку трансфер на знаење и менторство, како и преу заеднички настани.

Проектот ќе ги даде следните резултати:

  • Зголемени технолошки капацитети на дМСП, во смисла на знаење и капацитет за стандардизација и лиценцирање;
  • Развиен интерфејс за услуги на понудата и побарувачката (влез во синџирот на вредност на МНК);
  • Подобрени капацитети на дМСП за воспоставување ефективна комуникација и презентација на нивната “понуда” на МНК;
  • Воспоставени и надградени партнерства помеѓу двете;
  • Изготвени брифови / студии за политики со адресирани пречки во снабдувањето на синџирот на вредност и препораки за носителите на политиките.

 

Донатор: Европска комисија (ЦФЦД – Министерство за финансии)

Времетраење: јануари 2018 – декември 2019

 

Тендери

Повик за тендер 02-77/1 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата

Повик за тендер 02/230/1 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата

Повик за тендер 02/231/1 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата

Повик за тендер 02/232/1 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата

Повик за тендер 02/229/1 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата

Повик за тендер 02/223/1 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата – Спецификации

Повик за тендер 02/222/1 – Барање за доставување понуда

Повик за тендер 02/316/1 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата

Повик за тендер 02/88/01 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата – Спецификации

Повик за тендер 02/404/01 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата

 

Документи

Прирачник за обуки за меки вештини

Брошура www.kompanii.mk

Newsletter

 

Визуелни производи

Флаер 1 – Флаер 2 – Флаер 3

Постер 1 – Постер 2

Другите визуелни производи овде

 

Коруптивните практики му штетат на економскиот раст во Македонија

Целта на ова истражување за политиките е да идентификува коруптивни практики кои влијаат врз економијата во Македонија, и да понуди реални веќе-спроведени слични мерки во ЕУ за справување и сузбивање на овие видови практики.

Методот со кој се спроведува студијата на политиките е квантитативна анализа врз основа на податоци што ја доловува корупцијата и неформалните практики. Овој вид истражување е едно од првите што спроведува квантитативна анализа на тоа како корупцијата влијае врз економскиот раст во Македонија. Една од основните задачи на оваа студија е да обезбеди докази врз основа и анализа на податоци, кои ќе оопнудат објективен преглед на тоа како корупцијата всушност влијае врз економијата. Покрај тоа, овој преглед обезбедува вистински и објективни препораки за политиките за намалување на корупцијата врз основа на непристрасни и објективни анализи.

 

Донатор: ТРЕИН е финансиран од Министерството за надворешни работи на Германија и се спроведува од Германскиот совет за надворешни односи (ДГАП) со седиште во Берлин.

Времетраење: март – декември 2017 година

 

FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство

Целта на проектот е да се истражи ефикасноста и квалитетот на избрани политики во областите на квалитет на животот, образование и здравство, преку јавна дебата и решенија за политиките кои произлегуваат од податоци и докази.

Проектот се очекува да ги донесе следните промени:

  • Променето општо разбирање за важноста на конкретните политики и мерки во областите на квалитет на живот, образование и здравство
  • Зголемена достапност на податоци во специфични области, кои поставуваат основа за донесување политики базирани на докази
  • Поттикната јавна дебата и зголемена јавна свест за прашањата
  • Зголемен притисок врз носителите на политиките за подобри и поефикасни јавни политики и мерки во горните области
  • Подобрен капацитет за истражување, вмрежување и споделување експертиза

Проектот ќе ги испорача следните аутпути:

  1. Мапирање и избор на политики годишно во трите области (квалитет на живот, образование, здравство)
  2. Истражување и производство на резултати
  3. Поврзаност со медиумите и развој на аутрич производи
  4. Градење капацитет за тимовите и медиумите за користење податоци кост-бенефит анализи и решенија за политиките

 

Донатор: Британската амбасада во Скопје

Времетраење: Јули 2016 – Март 2018

 

Повик за изразување интерес (НВО) – Образец за пријавување (НВО)

Повик за изразување интерес (My story) – Образец за пријавување (My story)

Повик за учество во фокус групи

Повик за експерти – Образец за пријавување (експерти)

Дебатен клуб на експерти, Скопје, 26 октимври 2016

Работна средба, 26 април 2017

Повик за изразување интерес (новинари)

 

Инфографикони

ГИФови

Видеа

 

Емпириска анализа на ризиците и отпорностa на шокови на македонскиот осигурителен сектор

Целта на ова истражување е да се анализираат ризиците за стабилноста на македонскиот осигурителен сектор и да се измери нивната еластичност на шокови. Креираме емпириски економски модел за да се идентификува кои променливи потенцијално влијаат врз стабилноста на осигурителниот сектор, којашто се мери преку маргината на солвентност. Ги користиме резултатите од овој економски модел за да развиеме стрес тест модел на македонскиот осигурителен сектор, каде со доделување шокови за статистички значајните променливи, ќе се оцени на издржливоста на осигурителниот сектор на шокови. Креиравме основно сценарио без шокови и четири сценарија со шокови за испитување на отпорноста на осигурителниот сектор и на индивидуалните осигурителни компании на шокови. Последново е направено преку статистиките на вредноста изложена на ризик (VAR) добиени преку Монте Карло.

 

Донатор: Женевско друштво за проучување на економиката на осигурувањето

Период: 2013 (12 месеци)

 

Труд што ја освои наградата на АСО (MK) – Инфо за наградата на АСО

Труд публикуван во Geneva papers on risk and insurance – issues and practice