Во соработка со канцеларијата на International Labour Organization изработивме дијагностика на пазарот на труд за девет општини во земјата. На денешната средба ги претставивме резултатите, кои се дел од акцијата за Зајакнување на социјалниот дијалог- РСМ. Презентацијата беше пред клучните чинители, вклучувајќи ги: локалните економски совети, претставници на Општините, Министерство за труд и социјална политика, центрите за вработување.
Finance Think на Денот на граѓански организации
💰 Ги истражуваме потребите на жителите од населените места во Општина Крушево

Обука за финансиска транспарентност, парафискални давачки и јавни набавки
Раскажете ни ја вашата #шампионска приказна
Децата кои растат во скромни околности, а кои подоцна постигнуваат натпросечни успеси – како професионалци во бизнисот, спортот, науката, уметноста, медицината, новинарството итн. – се нарекуваат #шампиони.
Доколку вие сте шампиoн или познавате шампион и имате желба да ја споделите инспиративната #приказна во видео кое ќе го подготвиме за да го мотивираме општеството да поддржи шампиони, пополнете го следниот формулар: shorturl.at/lJKUW
Нашите препораки во Извештај на Стејт департментот
Finance Think веќе алармираше и даде сугестии за дел од констатациите на Стејт Департментот за инвестициската клима во Северна Македонија во рамките на Студија бр. 33: Потенцијалот на извозноориентираните компании да придонесат за економско закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија, со што би се надминале ограничувањата и искористиле потенцијалите на извозноориентираните компании во земјата.
Успешно заврши настанот „Информирај се – Активирај се – (Само)вработи се“
Кликнете за галерија.
📣 Ве покануваме на супер кул настан овој четврток во Kaffeine
Ја продолжуваме соработката со општините
Учество на работилница во рамките на проектот WeBER 2.0
Нашата Сандра Соколенко-Тодороска учествува на работилницита за грантисти во рамки на проектот ВеБЕР 2.0: Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформирана јавна администрација, која се одржува во периодот 7- 9 јули во Маврово во организација на Институт за европска политика (ЕПИ).