МЕМОРАНДУМИ СО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
![](https://www.financethink.mk/wp-content/uploads/2020/10/527px-Coat_of_arms_of_Krusevo_Municipality.svg_-264x300-1.png)
Меморандум за Разбирање со Општина Крушево
Finance Think потпиша Меморандум за Разбирање со Општина Крушево (www.krusevo.gov.mk). Меморандумот ги наведува следните начини за соработка:
- Партнерско и/или заедничко аплицирање за проекти што спаѓаат во заедничкиот домен на дејствување;
- Партнерско и/или заедничко спроведување на проекти кои се иницирани од една од партнерските страни или се иницирани и/или поддржани од трета донаторска страна;
- Соработка во креирање стратешки документи во делот на локалниот економски развој;
- Соработка во облагородување на персоналот со вештини и знаења неопходни за активностите на локалниот економски развој;
- Техничка соработка за дисеминирање информации до заинтересирани страни и целни групи;
- Соработка за меѓусебна промоција на активностите кои спаѓаат во доменот на мисиите на двете страни;
- Други форми на соработка кои го јакнат капацитетот, интегриртетот и имиџот на двете страни.
Меморандумот влезе во сила на 26 Октомври 2013 сњо иницијална важност од една година и автоматско обновување ако страните го оценат напредокот како задоволителен.
![](https://www.financethink.mk/wp-content/uploads/2020/10/101_0575_page-768x576-1.jpg)