ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Даночниот систем во Република Северна Македонија е регулиран со следните главни закони:

MK-MOD Моделот за даноци и надоместоци ги користи првите два закони кои ги регулираат даночните обврски на доходот на лицата (директни даноци).

  1.  Данок на личен доход

Доходот што подлежи на оданочување го сочинуваат следниве видови приходи остварени во земјата и во странство:

  • лични примања;
  • приходи од самостојна дејност;
  • приходи од имот и имотни права;
  • приходи од авторски права и права од индустриска сопственост;
  • приходи од капитал;
  • капитални добивки;
  • добивки од игри на среќа; и
  • други приходи.

Обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Северна Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.

Даночната основица за утврдување на персоналниот данок на доход претставува збир на сите приходи остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид, во земјата и во странство, во текот на даночниот период, намалена за:

  • придонесите од задолжително социјално осигурување;
  • личното ослободување во износ од 98,736 денари при годишно пресметување на данокот на доход и
  • нормираните или стварните трошоци предвидени со овој закон.

Данокот на сите видови доход, освен доходот од игри на среќа, се плаќа по единствена даночна стапка од 10%. Доходот од игри на среќа е предмет на 15% данок.

Законски одредби во мирување со 31.12.2022:

  • Данокот на доход се плаќа по прогресивна стапка од 10% за остварениот приход до 1.080.000 МКД годишно и од 18% за остварениот приход над овој праг, за секој заработен доход од труд.
  • Данок на доход се плаќа со рамна стапка од 15% за доход заработен од капитал.

 

1.1. Лични примања

Лични примања претставуваат:

  • плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот;
  • надоместоци на трошоци од работен однос и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работните односи, општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа;
  • пензиите;
  • примањата на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва;
  • примањата на функционери, пратеници, советници, и други носители на јавни функции;
  • примања на професионални спортисти (премии, трансфери и сл.);
  • надоместок за врвни спортисти
  • надоместок за време на боледување;
  • надоместок за време на отсуство од работа;
  • надоместок за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва;
  • надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите;
  • плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата; и
  • секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица.
 

1.2. Приходи од самостојна дејност

Под приходи од самостојна дејност се сметаат приходите остварени од стопанска дејност, од давање професионални и други интелектуални услуги, приходите од земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи.

Обврзник на данокот на доход за приходите од самостојна дејност е трговец поединец, како и физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лица кои вршат услуги или слободни занимања, кои остваруваат приходи од вршење на дејност, кои не се сметаат за трговци.

Основа на данокот на доход за приходите од самостојна дејност е нето-приходот, кој се утврдува во даночниот биланс.

 

1.3. Приходи од имот и имотни права

Под приходи од имот и имотни права се подразбираат приходите што обврзникот ги остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.

Обврзник на данокот на доход за приходи од имот и имотни права е физичко лице кое остварува приходи од имот и имотни права.

Основа за пресметување на данокот претставува нето приходот што се добива кога едногодишниот износ на остварениот приход во годината за која се утврдува данокот, ќе се намали за нормираните трошоци во висина од 15-20% од приходот.

 

1.4. Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост

Под приход од авторски права и права од индустриска сопственост се подразбира надоместокот што обврзникот го остварува од авторски права и права од индустриска сопственост.

Обврзник на данокот на доход за приходите од авторски права и права од индустриска сопственост е физичко лице кое остварува надоместок од авторски права и права од индустриска сопственост.

Основа за пресметување на данокот на доход е нето приходот што се добива кога од остварениот приход ќе се одбијат трошоците што биле потребни за негово остварување.

 

1.5. Приходи од капитал

Под приходи од капитал се подразбираат:

  • дивидендите и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица;
  • каматите по заеми дадени на физички и правни лица;
  • каматите по обврзници или други хартии од вредност и
  • камати на орочени штедни и други депозити.

Обврзник на данокот на доход за приходите од капитал е физичко лице кое остварува вакви приходи.

 

1.6. Капитални добивки

Под капитална добивка се подразбира приходот што обврзникот го остварува од продажба на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижен имот.

Обврзник на данокот на доход од капитални добивки е физичко лице кое остварува ваква добивка.

Основа на данокот на доход за капитални добивки претставува разликата меѓу продажната цена на хартиите од вредност, учеството во капиталот и недвижниот имот и куповната (набавната) цена.

Капитална добивка остварена од продажба на недвижен имот се внесува во даночната основа во висина на целиот износ.

 

  1. Придонеси од задолжително социјално осигурување

Во задолжително социјално осигурување спаѓаат придонесите за:

  • пензиско и инвалидско осигурување врз основа на тековна исплата;
  • задолжително капитално финансирано пензиско осигурување;
  • стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење;
  • здравствено осигурување и
  • осигурување во случај на невработеност.
 
 

2.1. Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување

Обврзник за плаќање на придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување е:

  • Работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локална самоуправа и градот Скопје;
  • извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по основ на работен однос и самовработување
  • Државјанин на Република Северна Македонија кој на територијата на Република Северна Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
  • Државјанин на Република Северна Македонија кој е во работен однос во странство, врши дејност во странство или е упатен на работа во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
  • Државјанин на Република Северна Македонија вработен во странство во држава во која е задолжително осигурен, но во која правата од пензиско и инвалидско осигурување неможе да ги остварува или неможе да ги користи надвор од таа држава;
  • Самовработено лице;
  • Носител на семејно земјоделско стопанство од прва, втора и трета категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој;
  • Верско службено лице;
  • Привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон;
  • Инвалид на трудот за време на користење на право на професионална рехабилитација согласно со закон;
  • Самостоен уметник кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна постапка и со соодветен акт на министерот за култура;
  • Врвен спортист кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна постапка и со соодветен акт на Агенцијата за млади и спорт;
  • Странец кој на територијата на Република Северна Македонија е во работен однос или во служба на странски физички и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено.
 
 

2.2. Придонес за задолжително здравствено осигурување

Обврзник за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување е:

  • Работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локална самоуправа и градот Скопје;
  • извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по основ на работен однос и самовработување
  • работник на кој му мирува работниот однос поради користење неплатено родителско отсуство;
  • Државјанин на Република Северна Македонија кој на територијата на Република Северна Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
  • Самовработено лице;
  • Носител на семејно земјоделско стопанство од втора и трета категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој;
  • Верско службено лице;
  • Привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност.
  • Државјанин на Република Северна Македонија вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување според законот на земјата во која е вработен, или според меѓународна спогодба, а имал живеалиште на територијата на Република Северна Македонија непосредно пред засновањето на работниот однос во странство – за членовите на семејството кои живеат во Република Северна Македонија;
  • Корисник на пензија и надоместок на плата според прописите на пензиското и инвалидското осигурување,
  • Државјанин на Република Северна Македонија кој прима пензија или инвалиднина од странски носител на осигурување од држава со која Република Северна Македонија нема склучено/превземено
  • Договор за социјално осигурување или пак Република Северна Македонија има склучено/превземено
  • Договор за социјално осигурување, во кој не е регулирана можноста за остварување на право на здравствено осигурување, додека престојува на територијата на Републиката;
  • Лице корисник на постојана парична помош; лице со статус на признаен бегалец; лице под супсидијарна заштита; лице сместено во згрижувачко семејство; лице сместено во установа за социјална заштита (за институционална и вонинституционална заштита);
  • корисник на паричен надоместок за помош и нега од друго лице; лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, најмногу до 26 години, а користи социјална парична помош;
  • лице жртва на семејно насилство за кое се презема мерка на заштита согласно Законот за семејството и лице опфатено со организирано самостојно живеење со поддршка, ако не може да се осигурат по друга основа.
  • Странец кој на територијата на Република Северна Македонија е во работен однос или служба на странски физички и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва ако со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
  • Странец кој се наоѓа на школување или стручно усовршување во Републиката ако со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
  • Лице на издржување на казна затвор, лице кое се наоѓа во притвор (ако не е осигурено по друга основа), и малолетно лице кое се наоѓа на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно – поправен дом, односно установа;
  • Учесник во НОВ и учесник во Народноослободителното движење во Егејскиот дел на Македонија, воен инвалид и членовите на семејствата на паднатите борци и умрените учесници во НОВ, како и цивилните инвалиди од Втората светска војна, лицата прогонувани и затварани за идеите на самобитноста на Македонија и нејзината државност, на кои тоа својство им е утврдено со посебни прописи и членовите на семејството и родителите на лицата граѓани на Република Северна Македонија, загинати во војните при распадот на СФРЈ.
  • Граѓани на Република Северна Македонија кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување по една од точките 1 до 14 на овој член.
 
 

2.3. Придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност

Обврзник за плаќање на придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност е:

  • Работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локална самоуправа и градот Скопје;
  • Државјанин на Република Северна Македонија кој на територијата на Република Северна Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски или конзуларни претставништва или е во лична служба на странски дипломатски или конзуларни претставништва или е во лична служба на странец, ако со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
  • Странец кој на територијата на Република Северна Македонија е во работен однос или служба на странски физички и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва ако со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
  • Работник кој прима надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа согласно со закон.

 

***

Основица за пресметка и плаќање на придонеси е:

  • Плата, дополнителни примања од работен однос утврдени во законот кој ги уредува работните односи, колективен договор и договорот за вработување, за лице во работен однос;
  • паричен надоместок на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво;
  • Плата за работа со скратено работно време, односно за часовите поминати на работа, и дополнителни примања од работен однос утврдени во законот кој ги уредува работните односи, колективен договор и договорот за вработување, за работник кој работи со скратено работно време;
  • Просечна плата во Републиката објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика, за невработено лице кое во претходната календарска година остварило приход поголем од годишниот износ на минимална основица за пресметка и плаќање на придонесите.
  • Месечната аконтација на нето приходот, односно на паушално утврдениот нето приход на кој се плаќа данок, согласно со Законот за персонален данок на доход, за самовработено лице.
  • Просечна плата на работникот остварена во годината пред престанокот на задолжителното осигурување, усогласена со просечниот годишен пораст на платите во Републиката, за лицата кои пристапиле во продолжено пензиско и инвалидско осигурување, согласно со закон.
  • Просечна плата на работникот остварена во година пред упатување на работа во странство, усогласена за просечен месечен пораст на платите кај работодавачот или просечната плата во Републиката/
  • Просечна плата на работникот остварена во година пред упатување на работа во странство,усогласена за просечен месечен пораст на платите кај работодавачот и платата што ја прима во странство или просечната плата во Републиката;
  • Пензијата, односно надоместокот според прописите на пензиското и инвалидското осигурување, за корисник на домашна пензија;
  • Надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда и отсутство од работа поради бременост, рагање и мајчинство, за корисник на паричен надоместок;
  • Надоместок за скратено работно време за нега и чување на потешко хендикепирано дете, за корисник на надоместок;
  • Надоместок на плата за време на професионална рехабилитација, за корисник на надоместок;
  • Надоместок во случај на невработеност, за невработени лица корисници на паричен надоместок за време на привремена невработеност;
  • 20% од просечно исплатената месечна плата по работник во Републиката за носител на семејно земјоделско стопанство од прва и втора категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој.
  • просечна плата во Републиката објавена во тековниот месец за:
    • државјанин на Република Северна Македонија вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување според законот на земјата во која е вработен, или според меѓународна спогодба, а имал живеалиште на територијата на Република Северна Македонија непосредно пред засновањето на работниот однос во странство – за членовите на семејството кои живеат во Република Македонија и
    • државјанин на Република Северна Македонија кој прима пензија или инвалиднина од странски носител на осигурување од држава со која Република Северна Македонија нема склучено/превземено Договор за социјално осигурување или пак Република Северна Македонија има склучено/превземено Договор за социјално осигурување, во кој не е регулирана можноста за остварување на право на здравствено осигурување, додека престојува на територијата на Републиката;
  • 50% од просечно исплатената месечна плата по работник во Републиката објавена во јануари во тековната година:
    • верско службено лице,
    • лице корисник на постојана парична помош;
    • лице со статус на признаен бегалец;
    • лице под супсидијарна заштита;
    • лице сместено во згрижувачко семејство;
    • лице сместено во установа за социјална заштита (за институционална и вонинституционална заштита);
    • корисник на паричен надоместок за помош и нега на друго лице;
    • лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, најмногу до 26 години, а користи социјална парична помош;
    • лице жртва на семејно насилство за кое се презема мерка на заштита согласно со Законот за семејството и лице опфатено со организирано самостојно живеење со поддршка, а не може да се осигурат по друга основа.
    • лице на издржување на казна затвор, лице кое се наоѓа во притвор, ако не е осигурено по друга основа, и малолетно лице кое се наоѓа на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно -поправен дом, односно установа,
    • самовработено лице до истекот на првата календарска година во која започнала со вршење на дејност.
    • носител на семејно земјоделско стопанство од трета категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој.

Основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година не може да биде пониска од 50% од просечна плата по работник во Република Северна Македонија објавена во јануари во тековната година.

За самовработено лице кое врши професионална и друга интелектуална услуга основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година не може да биде пониска од просечната плата по работник во Република Северна Македонија објавена во јануари во тековната година.

Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси е износот од шеснаесет просечни плати.

 

***

Стапки по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите се:

  • 18.8% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување;
  • 4% стапка на придонес за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест;
  • 7,5% за задолжително здравствено осигурување;
  • 13% за задолжително здравствено осигурување за обврзникот корисник на домашна пензија кој придонесот го плаќа на износот на пензијата;
  • 0,5% стапка на дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување и
  • 1,2% за задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност.