Целта на следењето на проценката на социјалното и економското влијание на КОВИД-19 врз децата е да се генерираат сценарија и проширени предлози за политика во ситуација кога е сигурно дека ова ќе биде долготрајна криза, од здравствена и од социо-економска перспектива, и каде што можеме да ја потврдиме валидноста на првичните претпоставки за нејзината природа и времетраење.

Главната цел на предложената студија за повеќедимензионална детска сиромаштија во Северна Македонија е да се генерира длабинска мапа за ова прашање и да се воспостават здрави и темелни емпириски докази.

Поконкретно:

i) да ја прикаже сиромаштијата кај децата во смисла на демографски и географски индикатори, вклучително и профил на деца кои се изложени на најголем ризик од сиромаштија и, следствено, од исклучување;

ii) да разбере како се поврзува детската сиромаштија со целокупната сиромаштија во домаќинствата;

iii) да се испитаат недоходните аспекти на детската сиромаштија, пред се образованието – вклучително и предучилишното образование – и здравјето, и да се постават основи за нивната повеќедимензионалност; и

iv) да се користат создадените докази за зголемување на свеста на јавноста и носителите на одлуки за ова прашање и за застапување за прилагодување на добро-насочени политики и мерки за подобрување на специфичните резултати релевантни за децата што ја намалуваат детската сиромаштија во земјата.

Донатор: УНИЦЕФ

Времетраење: декември 2020 година – јули 2021 година