Одржлив дизајн на политики сврзани со повеќедимензионалната детска сиромаштија

Целта на проектот е да ги зголеми капацитетите на Државниот завод за статистика за рутинско мерење и следење на повеќедимензионалната детска сиромаштија, да воспостави повеќедимензионален механизам на засегнати страни за дизајнирање покохерентни политики и да ги зголеми знаењето и свесноста на засегнатите страни за важноста на повеќедимензионалниот пристап на политиките.

Донатор: УНИЦЕФ

Времетраење: март 2023 – јануари 2024 година

Акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет

Општата цел на акцијата е да ги анализира и следи буџетските трошења за антикризните мерки, на национално и локално ниво, и да предложи модификација и/или нови мерки во услови на нагласена потреба од рационализација на трошењето на јавните пари.

Continue reading

Знаење, мерки и дијалог на политиките за заштита на децата од кризата со храна и енергија

Примарната цел на проектот е да генерира докази за влијанието на кризата со храна и енергија врз севкупната и детската сиромаштија, како и сиромаштијата со храна и енергетската сиромаштија, кои ќе се користат како основа за дизајнирање патоказ за мерки на политиките на национално ниво .

Донатор: УНИЦЕФ

Времетраење: декември 2022 – февруари 2023 година

Отворен Балкан: Слободно регионално движење на работната сила во услови на недостиг од квалификувани работници?

Целта на проектот е да оцени како слободното движење на (квалификуваната) работна сила во Иницијативата Отворен Балкан ќе влијае врз пазарот на труд во Северна Македонија, а со тоа да поттикне аргументирана дебата и прилагодување на политиките за максимизирање на користите и минимизирање на ризиците.

Специфичните цели вклучуваат:

  • Генерирање знаење за тоа како слободното движење на (квалификуваната) работна сила вградено во Иницијативата Отворен Балкан ќе влијае врз пазарот на труд во земјава;
  • Поттикнување јавна дебата за користите и предизвиците од прашањето, базирана на докази;
  • Придонес кон економските политики поврзани со пазарот на труд и билатералните договори за социјално осигурување, во контекст на имплементацијата на барањата од оваа Иницијатива.

Донатор: Фондација Отворено општество Македонија

Времетраење: Септември 2022 – Септември 2023

Следење на проценката на социо-економското влијание на КОВИД-19 врз децата

Целта на следењето на проценката на социјалното и економското влијание на КОВИД-19 врз децата е да се генерираат сценарија и проширени предлози за политика во ситуација кога е сигурно дека ова ќе биде долготрајна криза, од здравствена и од социо-економска перспектива, и каде што можеме да ја потврдиме валидноста на првичните претпоставки за нејзината природа и времетраење.

Донатор: УНИЦЕФ

Времетраење: декември 2020 година – март 2021 година

Премостувачки мерки за ублажување на последиците од Ковид-19

Целта на проектот е да развие предлог мерки за ублажување на последиците од Ковид-19, како форма на операционализација на документот од Обединетите нации „Северна Македонија: Рамка на одговор на ООН на КОВИД-19 (CRF)“.

Клиент: УНДП

Времетраење: Јули – Ноември 2020

Оценка на ефектите од Ковид-19 врз сиромаштијата, со фокус врз најранливите категории граѓани

Целта на овој проект е да го процени ризикот од сиромаштија наметнат од Ковид-19 кризата, со посебен осврт кон групите најизложени на социјален ризик, и да ја подигне информираноста и свесноста за искористување на мерката за олеснет влез во системот на гарантирана минимална помош.

Специфични цели:

  1. Да изврши оценка/симулација на ефектот од Ковид-19 кризата врз сиромаштијата, со посебен осврт на сиромаштија по пол;
  2. Да изврши квалитативна оценка за ефектот од Ковид-19 кризата врз целните групи: Жените и младите во социјален ризик, неформалните работници, примателите на социјална помош и Ромите;
  3. Да ги оцени фискалните импликации од мерката за релаксирање на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош;
  4. Да ја подигне информираноста и свесноста за олеснетиот влез во системот за гарантирана минимална помош;
  5. Да предложи мерки за политиките базирани на докази, со потенцијално потесно таргетирање на целните групи.

 

Донатор: Генерален секретаријат при Влада на РСМ

Времетраење: Јули-Декември 2020