Анализа на влијанието на регулативата: Ефектите од промената на Законот за минимална плата

Општа цел на проектот е екс-пост проценка на влијанието на измените во Законот за минимална плата врз системот (економијата) и главните засегнати страни (работниците и работодавачите).

Специфични цели на проектот се:

  1. Да го процени влијанието на зголемената и изедначената минимална плата врз вработеноста и животниот стандард;
  2. Да го процени влијанието на зголемената и изедначената минимална плата врз Буџетот на РМ;
  3. Да го документира просторот и формите за (не)почитување на Законот за минималната плата, како и потешкотиите при неговата имплементација, и квалитативно да ги оцени реперкусиите;
  4. Да ги поттикне носителите на политиките да донесуваат информирани одлуки базирани на соодветни анализи и препораки базирани на докази;
  5. Да ја зголеми јавната свест за измените во Законот за минимална плата, нивното влијание и потреба од нивно почитување;
  6. Да ги едуцира работниците за нивните работнички права, во насока на намалување на притисоците и компромитациите на кои подлежат при исплата на минималната плата.

 

Времетраење: Јануари – Декември 2018

Донатор: Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје

 

Анализа на младинската под-вработеност во Македонија, Црна Гора и Србија

Целта на студијата е да ја опише под-вработеноста на младите и да го испита нејзиниот ефект врз личната благосостојба во трите земји. Особен третман ќе биде направен на родот. Со тоа, студијата цели да го донесе прашањето на агендата на носителите на политиките и да формулира идеи за политиките што ја адресираат под-вработеноста.

Методолошки, прво ја поставуваме под-вработеноста како функција од личните и карактеристиките на пазарот на трудот. Се потпираме на Хекман модели – бинарни и подредени – за да ја надминеме потенцијалната селективна пристрасност во под-вработеност. За подредениот случај, го користиме ЦМП оценувачот. Потоа, ја регресираме личната благосостојба на под-вработеноста и карактеристиките на работникот. Со оглед дека благосостојбата е латентна променлива, се потпираме на МИМИК модел. За да ја надминеме потенцијалната ендогеност на под-вработеноста, специфицираме и трета регресија во моделот во која набљудуваните променливи и егзоген инструмент влијаат врз под-вработеноста. Просечната локална/општинска плата во времето кога лицете станало (под)вработено се користи како инструмент.

Ги користиме Анкетите за премин од училиште кон работа (2014-2015).

 

Донарот: Партнерството за економски политики

Времетраење: 2017-2019

 

Техничка помош за локалните заводи за вработување и социјални центри

Целта на проектот е да обезбеди техничка помош на Агенцијата за вработување за спроведување три различни мерки за вработување на локално ниво.

 

Донатор: Меѓународната организација на трудот

Времетраење: мај – декември 2017 година

 

Прогнозирање на големината и ефектите од иселувањето и дознаките во четири земји од Западниот Балкан

Целта на проектот е да се предвиди големината и влијанието на дознаките од странство и иселувањето во 4 земји од Западниот Балкан, преку нов метод: Делфи прашалник.

Поконкретно, проектот ги има следните задачи: 1) да обезбеди преглед на литература за прогнозирање на дознаките од странство и иселувањето; 2) да се соберат податоци преку прашалник Делфи од економски експерти и приматели на дознаки; 3) да се предвидат дознаките и иселувањето врз основа на податоците добиени во (2); 4) да даде препораки за политиките врз основа на предвидените трендови; и 5) да се споредуваат прогнозираните трендови меѓу четирите земји.

 

Донатор: Регионална програма за промоција на истражувањата

Партнери во проектот: ACSER Албанија, FREN Србија, индивидуален истражувач Косово

Времетраење: 6 месеци (2016)

 

***

Проектна средба, Истанбул, Турција, 27-30 Октомври 2016 – Агенда – Галерија

Тркалезна маса на тема “Иднината на дознаките од странство и иселувањето: Може тие да се предвидат?”, 22 ноември 2016 година, на Економскиот факултет во Прилеп – Покана и агенда – Галерија

Инфографикони – Mакедонија – Србија – Aлбанија – Koсово

Медимско присуство – MРT – Teлма – Нова Македонија

Интернет страница

Резултати од прогнозирањето – Македонија – Србија – Албанија – Косово

Студија за политиките

 

Да ја предизвикаме невработеноста во Западен Балкан: поттикнување на активните политики на пазарот на труд во Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија

Главната цел на проектот е да се придонесе за подобрување на активните политики на пазарот на труд и за зголемување на вработеноста во Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Поконкретни цели на застапувањето за политиките се: (а) да се идентификуваат правни, финансиски, и практични слабости во политиките за вработување, што резултира со слаба ефикасност и ниска ефективност; (б) да го осознае и продлабочи знаењето за клучните чинители во областа; (в) да ги поттикне чинителите да донесуваат информирани одлуки со обезбедување релевантни анализи и остварливи препораки за политиките во оваа област; и (г) да го постави прашањето за активните политики на агендите на релевантните носители на одлуки во овие три земји.

 

Донатор: European Fund for the Balkans

ПартнериAnalitika – Center for Social Research (Босна и Херцеговина); Agenda Institute (Албанија)

Времетраење: Јануари – Август 2016

 

***

Тркалезна маса, Скопје, 20 октомври 2016 – Аgenda – Gallery – Пораки 1 2 3 4

Бриф за политиките – Мемо за политиките – Сутдија за политиките

 

Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

Општата цел на проектот е да се зголеми активацијата на лицата кај кои постои ризик од социјално исклучување од пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини, образование, обука и олеснување на нивната целосна интеграција во општеството и пазарот на трудот.

Оваа општа цел е расчленета на специфични цели кои вклучуваат конкретни интервенции на три фронта:

  • Цел 1: Подобрување на ефикасноста во вработувањето и социјалните услуги, како начин на унапредување на социјалното вклучување на ранливите и маргинализираните групи, преку помагање на стручните лица од Центрите за вработување и Центрите за социјална работа во развој на нови вештини како Ментори за социјално вклучување;
  • Цел 2: Оспособување на ранливите и маргинализираните групи и вградување вештини и искуство потребни за надминување на пречките со кои се среќаваат на патот кон долгорочна работа и независност, преку програма за обука пред вработување и обезбедување работа или стажирање во локалните бизниси и социјални претпријатија;
  • Цел 3: Поттикнување подобрувања во обезбедувањето услуги со дизајнирање нови услуги за поддршка на семејства, подигање на јавната свест, како и развивање ефективни партнерства меѓу клучните чинители (локална самоуправа, владини институции, невладини организации кои се вклучени во испорака на услугите, социјални партнери, даватели на образование и обука) за да се произведат резултати на теренот.

 

Донатор: Европска Комисија – Инструмент за претпристапна помош

Партнер: Центар за грижа на деца и семејства (КМОП) – Атина, Грција

Времетраење: 20 месеци (Јануари 2016 – Август 2017)

 

***

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА за зголемување на вработливоста на социјално ранлива категорија граѓани –  – ПРИЈАВА за обука

Билтен 1 2

Конкурс за уметничко дело – Извештај и оценка

Обуки за лица со ризик од социјално исклучување – Скопје– Охрид– Велес– Куманово

Бриф за политиките бр. 17 – Може ли социјалното менторство да ја зголеми вработливоста во земјава?

Прирачник за ментори – Протокол со мерки и услуги – Насоки за практична работа

Завршна конференција “Нови мерки за нови вработувања” – Aгенда – Галерија

 

***

ПОВИЦИ И ТЕНДЕРИ

Повик за тендер 02-279 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата

Повик за тендер 02-295 – Барање за доставување понуда – Oбразец на понудата

Повик за тендер 02-315 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата

Повик за тендер 02-316 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата

Повик за тендер 02-325 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата

Повик за тендер 02-377 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата

Повик за тендер 03-213 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата

Повик за тендер 03-221 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата

Повик за тендер 02-411 – Барање за доставување понуда – Образец на понудата

Оглас за вработување

Барање за понуда – преведувач

Повик за тендер – Обучувач 02-198/01

Повик за тендер – Експерт 03-337/01

Оглас за вработување – Финансиски службеник

Повик за компании

Повик за тендер 02-83 – Барање за понуда – Образец

 

Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки

Целта на истражувањето е да се испита дали дознаките испратени во Македонија, Албанија и Србија служат како социјална заштита за оставените членови на домаќинството.

Анализираме дали и како дознаките влијаат врз социјалната состојба (стабилност или ранливост) на домаќинството, опишана преку индекс составен  од доходот/примањата, работниот статус, исраната, здравјето и условите на домувањето. За целите на студијата, имаме за цел да ја дефинираме социјалната стабилност / ранливост не во традиционална смисла – само како “долар на ден” – туку во однос на способноста на домаќинствата да ги задоволат своите основни потреби покрај примањата: исхрана, здравствена заштита, домување, рекреација и слично. Ова допира до она што Green (2014) го забележа: “да се биде сиромашен и болен е многу различно од да се биде сиромашен и здрав”, и ја дефинира социјалната стабилност во оваа мултидимензионална рамка.

Клучните задачи вклучуваат:

  • развивање преглед на литературата што ги поврзува дознаките од странство со социјалната заштита и социјалната ранливост;
  • осмислување показател за социјалната ранливост;
  • економетриско испитување на причинско-последична поврзаност меѓу дознаките и социјалната ранливост;
  • длабинско квалитативно истражување преку интервјуа на врските контекстите на двата феномени (дознаки и социјална ранливост);
  • осмислување предлози за политики;
  • широка комуникација со креаторите на политиките и јавноста.

 

Донатор: Регионална Програма за Унапредување на Истражувањето

Времетраење: 2 години (2014-2016)

 

***

Проектна средба, Рим, 2-5 април 2015 – Агенда – Галерија

Појавување во медумите – Економски хоризонти – РеволуционерМК

Презентација на РРПП Годишна конференција, Охрид, 28-29 Мај 2015 – Ресурси

Тркалезна маса, 10 јуни 2015 – Покана– Agenda – Галерија– Презентација

Меѓународна конференција на Евроазиските Економии, 9-11 Септември 2015, Казан Русија – Презентација – Proceedings

Обука & Проектна средба, Амстердам, 16-20 март 2016 – Агенда – Галерија 1 2

Работилница “Миграцијата и нејзините последици за Албанските домаќинства”, Eлбасан, Aлбанија, 8 септември 2016 – Агенда

EBES Меѓународна конференција, Виена, Австрија, 28-30 септември 2016 – Слика

Економски форум, Скопје, 22 септември 2016 – Агенда– Галерија

 

***

Брифови за политиките – Македонија– Албанија– Србија

Меѓународна книга ”Миграцијата како социјална заштита”

Труд во списанието Меѓународна миграција

 

Симулација на ваучер политика за подобрување на социјалните услови на индивидуални приматели на дознаки во Македонија

Целта на истражувањето е да се развие симулација на потенцијален ваучер систем за социјална заштита на индивидуални членови на домаќинството што прима дознаки во Македонија.

Конкретни цели:

  • да спроведе анализа за Македонија на индивидуално ниво (користејќи ја DotM Анкетата за дознаки 2008)
  • да развие економетриски модел;
  • да изведе симулација за ефектите од потенцијален ваучер за заштита на социјално ранливи индивидуални приматели на дознаки, преку симулирање на ефектите врз индикаторот за здравје на примателот.

 

Донатор: Партнерство за економски политики

Времетраење: 2014-2015 (1 година)

 

***

Бриф за политиките – ENG – MK

Работен материјал

Конференција за политиките – Покана – Галерија

Труд во списание

 

Зајакнување на жените во Крушево преку мини здружување за продажба и промоција на традиционални производи

Целта на проектот е да се подобри животниот стандард и социјалната вклученост, и да се намали сиромаштијата во Крушево, преку здружување (мини-кластеринг) на жените за производство и продажба на локални, домашни, традиционални, еколошки, и производи од домашна ракотворба.
Краткорочните цели вклучуваат:

  • Поттикнување на социјалното вклучување и интеракција преку здружување на индивидуалните производители, невработени домаќинки;
  • Промовирање на свеста за инвестирање во своите вештини за извлекување од сиромаштија и подобрување на животот;
  • Воспоставување систем за производство и промоција на локалните производи и производите од домашна ракотворба, со цел да се поттикне и да се зголеми производството, продажбата и промоцијата;
  • Јакнење на свеста меѓу креаторите на политиките за потребата од мини-здружување на индивидуалните производители на традиционална храна, како алатка за промовирање на локалниот економски раст и подобрување на социо-економските услови.

 

Донатор: Амбасадата на САД во Скопје

Времетраење: 2014-2015 (12 месеци)

 

Повик за учесници

Апликација за учество

Обука за производни, маркетинг и продажни вештини – Галерија 1 – Галерија 2 – Галерија 3

Учество на Новогодишниот базар “Craft Art Fest” – Галерија

Саем „Домашно е, од Крушево е…“ – Галерија

 

Внимавајте на јазот помеѓу буџетските ставки и програмите од Националната стратегија за намалување на сиромаштијата

Целта на проектот е да ја зголеми ефективноста и искористеноста на програмите за намалување на сиромаштијата, преку зголемување на транспарентноста на буџетските ставки поврзани со неа и информираноста на граѓаните за нив.

Краткорочни цели:

  • Идентификување и мапирање на слабите точки на поврзување помеѓу буџетските ставки и програмите за намалување на сиромаштијата;
  • Зголемување на информираноста и свесноста на граѓаните за програмите за намалување на сиромаштијата за кои тие може да се подобни;
  • Зголемување на информираноста на граѓанскиот и истражувачкиот сектор за ефективноста на реализацијата (буџетското трошење) на програмите за намалување на сиромаштијата.

 

Донатор: USAID и Фондација Отворено Општество Македонија

Времетраење: 2013-2014 (10 месеци)

 

***

 

Бриф за политиките: “Како да се зголеми ефективноста и искористеноста на програмите за намалување на сиромаштијата?”

Одговор од Министерството за труд и социјална политика

Мини-интервју за националната двојазична Алсат-М

Тематски Графометрикс

Статија за магазинот „Лице в Лице“

 

 

 

 

Прирачник: Внимавајте на јазот меѓу буџетските ставки и програмите од Националната стратегија за намалвање на сиромаштијата MKD верзија – АЛБ верзија

Тематска интернет страница: www.siromastija.mk