
Finance Think учествуваше на Fiscal Councils Peers Learning Event, организиран од Светската банка и Европската Унија, посветен на размена на искуства и добри практики меѓу фискалните совети, 6-7 јули 2026 во Виена, Австрија.
Особено ни е драго што во презентацијата на Фискалниот совет беше истакната соработката со Finance Think како значајно стратешко партнерство кое придонесува за зајакнување на аналитичките капацитети и носењето политики засновани на докази.
Ова е уште една потврда дека долгогодишната соработка меѓу Finance Think и Фискалниот совет создава вредност за подобро фискално управување и поквалитетни јавни политики.



