Анализа на родовиот јаз во платите кога жените се високо неактивни: Докази од повторени импутации со Македонски податоци

Целта на ова истражување е да се испита дали родовиот јаз во вработувањето може да го објасни родовиот јаз во платите и да развие веб-базирана развојна алатка за да се справи со родовата нееднаквост во платите во Македонија.

Македонскиот пазар на труд се карактеризира со релативно голема родова нееднаквост во вработеноста, заедно со значителна родова нееднаквост во платите. Овие нееднаквости се зголемуваат при пониски нивоа на образование. Целта на ова истражување е да се испита дали родовиот јаз во вработувањето може да фрли малку повеќе светло врз родовиот јаз во платите. Особено ниско-до-средни квалификуваните жени во Македонија може да влијаат врз родовиот платен јаз поради нивната неактивност, што може да се должи на одгледувањето деца, неплатени семејни работнички, високата резервациска плата и дознаките што ги добиваат од машки мигранти. Овој проект предлага да се истражат овие аспекци со проценка на родовиот платен јаз прилагоден за карактеирстиките на работниците и со корегирана селективна пристрастност на оценките за различни нивоа на вештини во Република Македонија. Емпирискиот приод ќе се базира на симулирање на распоредот на платите што би преовладал ако изборот да се работи е целосно случаен. Како иновативен пристап кон ова прашање, ќе искористиме техники на алтернатива импутација кои не бараат претпоставки на реалното ниво на платите што недостасуваат во распоредот, што обично се бара во пристапот на мечирање, ниту пак бараат произволни исклучувачку ограничувања присутни во двофазниот Хекманов модел за избор на примерок. На ниво на политики, прашањето доби на значење и Владата одговори со формирање комисии за еднакви можности на национално и локално ниво, но проблемот на родовата (платна и вработувачка) дискриминација не е решен. Нашето истражување може да фрли нова светлина врз ова прашање и да помогне во 1) осмислување поцелосна стратегија за еднакви можности за вработување, и, уште поважно, 2) воспоставување на ЕдПлаКо-МК како веб-алатка која ќе служи како стандард за помош на работодавачите (јавни и приватни) да развијат најдобри практики за фер вработување и надоместок.

 

Донатор: Глобална мрежа за развој и Владата на Јапонија

Времетраење: 2013-2015 (две години)

 

***

Труд во Journal of Labor Research

ЕдПлаКо-МК веб алатка

Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени

EдПлаКо-MK: Алатка за поголема родова еднаквост во платите во Македонија

Целта на проектот е да развие онлајн механизам/алатка и да покрене свесност за поголема праведност во плаќањата помеѓу мажите и жените во Македонија.

Краткорочни цели:

  • Да изгради интернет платформа ЕдПлаКо-МК, на којашто секоја индивидуа и институција ќе може, врз база на своите карактеристики, да ја оцени сопствената плата;
  • Да го популаризира ЕдПлаКо-МК помеѓу фирмите и државните институции во Македонија, како „етикета“ чие стекнување ќе го обележи работодавецот како фер плаќач;
  • Да дизајнира мини прирачник за користење на ЕдПлаКо-МК и истиот да го дисеминира до вработените и индните вработени, со што ќе ја зголеми неговата полуларност на индивидуално ниво;
  • Да лобира за вградување на лиценцирањето кај ЕдПлаКо-МК кај владините институции (главно, во Стратегијата за родова еднаквост).

 

Донатор: Програма за развој на Обединетите Нации

Времетраење: 2014 (6 месеци)

 

***

ЕдПлаКо-МК веб алатка

Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени

Самовработеност на младите во домаќинства што примаат дознаки во Македонија

Овој проект има за цел да истражи како дознаките може да се користат за поддршка на претприемачките активности на невработените млади во домаќинства што примаат дознаки, во услови на глобална економска криза, затегнати кредитни услови, недостаток на капитал за финансирање и дисфункционален пазарот на трудот.

Ниското создавање работни места и високата невработеност се најважните проблеми на Македонија. Стапката на невработеност на младите од 55% останува упорно висока. Од друга страна, Македонија добива дознаки од миграцијата во износ од над 20% од БДП на годишно ниво. Нивната употреба, сепак, во голема мера останува непозната. Овој проект има за цел да истражи како дознаките може да се искористат за поддршка на претприемачките активности на невработените млади во домаќинствата што примаат дознаки, во услови на глобална економска криза, затегнати кредитни услови, недостаток на капитал за финансирање и дисфункционалност на пазарот на трудот. Ќе ја искористиме Анкетата за дознаки спроведена во септември / октомври 2012 година, да се ја истражиме веројатноста дека еден млад човек ќе влезе во само-вработување ако неговото / нејзиното домаќинство добива дознака. Предлагаме две техники: i) вкрстување според оценка на сличности, со цел да се најде слично, во карактеристики, домаќинство кое не добива дознаки и б) пристап на инструментални променливи, со цел да се земе предвид потенцијалната ендогеност на дознаките во однос на одлуката да се воспостави сопствената фирма. Очекуваме дека наодите ќе ни овозможат да предложиме препораки за политиките во фискалната, социјалната сфера и на пазарот на труд, во насока на канализирање на голема количина на дознаки во Македонија во генерирање на работни места за младите.

 

Донатор: Партнерство за економски политики

Времетраење: 2013-2014 (1 година)

 

Емпириска анализа на ризиците и отпорностa на шокови на македонскиот осигурителен сектор

Целта на ова истражување е да се анализираат ризиците за стабилноста на македонскиот осигурителен сектор и да се измери нивната еластичност на шокови. Креираме емпириски економски модел за да се идентификува кои променливи потенцијално влијаат врз стабилноста на осигурителниот сектор, којашто се мери преку маргината на солвентност. Ги користиме резултатите од овој економски модел за да развиеме стрес тест модел на македонскиот осигурителен сектор, каде со доделување шокови за статистички значајните променливи, ќе се оцени на издржливоста на осигурителниот сектор на шокови. Креиравме основно сценарио без шокови и четири сценарија со шокови за испитување на отпорноста на осигурителниот сектор и на индивидуалните осигурителни компании на шокови. Последново е направено преку статистиките на вредноста изложена на ризик (VAR) добиени преку Монте Карло.

 

Донатор: Женевско друштво за проучување на економиката на осигурувањето

Период: 2013 (12 месеци)

 

Труд што ја освои наградата на АСО (MK) – Инфо за наградата на АСО

Труд публикуван во Geneva papers on risk and insurance – issues and practice