Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници ОДГОВОР НА СОЦИО-ЕКО

Основна цел на проектот е намалување на социо-економските последици од кризата предизвикана од Ковид-19 врз ранливите категории работници.

 

Краткорочни цели на проектот вклучуваат:

  1. Да се измерат социо-економските ефекти од Ковид-кризата врз ранливите категории работници,
  2. Да се испитаат ставовите и искуствата на целните групи за социо-економските ефекти на кризата и искористеноста на владините мерки и помошти,
  3. Да им се помогне на креаторите на политиките да донесуваат информирани одлуки засновани врз докази, податоци и препораки, односно нови мерки и интервенции за ублажување на последиците од кризата врз ранливите категории работници,
  4. Да се зголемат капацитетите за застапување на локалните здруженија, со цел навремено и информирано застапување на ранливите категории работници пред носителите на политики,
  5. Да се зголеми јавната свест за социо-економските ефекти од кризата, расположливите мерки за справување со неа и потребата од воведување нови мерки и политики насочени кон овие категории работници.

 

Донатор: Фондација Отворено општество Македонија

Времетраење: Јули 2020 – Јуни 2021

 

Интерактивен и повеќесекторски механизам за следење на исполнувањето на политичките ветувања сврзани со економијата

Целта на проектот е да промовира мониторинг и мерење на економски цели и резултати од политичко-владини програми, преку користење докази, наоди и податоци и преку поттикнување повеќестран општествен ангажман.

Акцијата ќе ги постигне следните резултати:

Р.1 Поставена е рамка за мерење на економски цели и резултати, во контекст на политички и владини програми, преку користење докази, наоди и податоци;

Р.2 Изградени се вештини кај засегнатите страни за критичка анализа на можните и вистинските резултати од политичките ветувања во делот на економијата;

Р.3 Засегнатите страни го збогатуваат јавниот дискурс преку критичка, аргументирана и жива дебата за изводливоста, резултатите и трошокот на политичките ветувања во економијата.

 

Донатор: Цивика Мобилитас

Времетраење: Мај 2020 – Мај 2022

 

Социоекономска проценка на средно- до долгорочните ефекти од Ковид-19 врз секторите сврзани со децата

Целта на проектот е да изврши квалитативна и квантитативна оценка на средно- до долгорочните ефекти од Ковид-19 врз секторите сврзани со децата, и тоа: социјална заштита, образование и здравствена заштита.

Анализата ќе изврши квантитативна симулација, преку користење микро-податоци, на ефектите од кризата врз детската сиромаштија и сврзани индикатори. Во посебен дел, анализата ќе се фокусира врз импликациите од и врз јавните финансии во однос на наведените сектори.

 

Клиент: УНИЦЕФ

Времетраење: Мај-Јуни 2020