Родово одговорно буџетирање во време на пандемија

Проектот е насочен кон подобрување на позицијата на жените и намалување на родовата нееднаквост на пазарот на труд, на долг рок. Со детално испитување на употребата на родово одговорно буџетирање во активните мерки за вработување ќе се направи подлога за дизајн на нови мерки и модели за подобрување на положбата на жените на пазарот на труд и ублажување на социо-економските последици од кризата и/или ќе се дадат препораки за редизајн на постоечките мерки со цел дизајн на родово одговорни мерки мерки што најмногу одговараат на потребите и карактеристиките на жените.

Донатор: Центар за истражување и креирање политики преку Мрежа за родово одговорно буџетирање

Рок: декември 2020 – мај 2021

Нова брошура за жените земјоделки

Брошурата „Зајакнување на жените во земјоделството“ ги претставува мерките што се на располагање за подигнување на животниот стандард и продуктивноста на жените земјоделки, што е особено важно во време на Ковид-19 криза.

Брза проценка на влијанието на Ковид-19 врз избрани локални програми и поддршка на локалното планирање и буџетирање како одговор на непосредните социо-економски потреби на жените и мажите

Целта на овој проект е да обезбеди поддршка во развојот на брза проценка на влијанието на Ковид-19 врз избрани локални програми и да го поддржи локалното планирање и буџетирање како одговор на непосредните социо-економски потреби на жените и мажите.

Овој предлог ги предвидува следниве активности:

  • Канцелариска анализа на буџетите на ЕЛС за 2020 година со цел да се мапира предвидените родово-одговорни програми, нивно категоризирање и компаративна анализа со локалните политики и стратегии за еднакви можности помеѓу мажите и жените, со цел да се процени колку локални програми и средства се алоцирани директно за жени, пред Ковид-кризата.
  • Длабински интервјуа со службеници на ЕЛС за детално да се дискутираат интервенциите за одговор на ЕЛС за решавање на потребите на локалниот граѓанин, во врска со родовото влијание.
  • (Он-лајн) фокус-групи со локални граѓани за да се оцени нивното искуство и став кон мерките за одговор на ЕЛС во справување со влијанието од Ковид-19.

Сите активности ќе резултираат во кратка анализа на родовата буџетска политика (15-18 страници) за секоја ЕЛС одделно, со вклучена проценка на интервенциите за одговор на ЕЛС од родова перспектива, како и политика и препораки за подобрување на процесот на родово буџетирање во пост-Ковид периодот.

Клиент: UN Women Скопје

Научен труд во Eastern European Economics

Нашите Благица Петрески и Деспина Туманоска, и членот на Советодавниот одбор Хорхе Давалос, објавија научен труд во меѓународното рецензирано списание Eastern European Economics (импакт фактор на Web of science 0.854).

Finance think на конференција за државна помош во Подгорица

Finance Think учествува на меѓународната конференција „Преговори во областа на политика на конкуренција и државна помош: Научени лекции и идни предизвици“, која хибридно се одржува во Подгорица, во организација на Црногорската паневропска унија.