Целта на овој проект е да обезбеди поддршка во развојот на брза проценка на влијанието на Ковид-19 врз избрани локални програми и да го поддржи локалното планирање и буџетирање како одговор на непосредните социо-економски потреби на жените и мажите.

Овој предлог ги предвидува следниве активности:

  • Канцелариска анализа на буџетите на ЕЛС за 2020 година со цел да се мапира предвидените родово-одговорни програми, нивно категоризирање и компаративна анализа со локалните политики и стратегии за еднакви можности помеѓу мажите и жените, со цел да се процени колку локални програми и средства се алоцирани директно за жени, пред Ковид-кризата.
  • Длабински интервјуа со службеници на ЕЛС за детално да се дискутираат интервенциите за одговор на ЕЛС за решавање на потребите на локалниот граѓанин, во врска со родовото влијание.
  • (Он-лајн) фокус-групи со локални граѓани за да се оцени нивното искуство и став кон мерките за одговор на ЕЛС во справување со влијанието од Ковид-19.

Сите активности ќе резултираат во кратка анализа на родовата буџетска политика (15-18 страници) за секоја ЕЛС одделно, со вклучена проценка на интервенциите за одговор на ЕЛС од родова перспектива, како и политика и препораки за подобрување на процесот на родово буџетирање во пост-Ковид периодот.

Клиент: UN Women Скопје