Студија за испитување на побарувачката за зелено и социјално финансирање во Северна Македонија

Целта на оваа студија е да се спроведе дијагноза – пазарни анализи на секторите со висок потенцијал во Северна Македонија од зелена и социјална гледна точка и да се процени пазарниот потенцијал за нови развојни кредитни линии.

Клиент: Француската развојна агенција

Партнер: ГФА Консултантска група

Проширување на граѓанскиот простор преку воспоставување WebEcon – мрежа на економски тинк-тенкови во Западен Балкан

Целта на предложената акција е да се постават основите за регионален граѓански простор во социо-економскиот домен, преку воспоставување на WebEcon мрежа на економски тинк-тенкови.

Finance Think, дел од глобалната коалиција за поинклузивна демократија

Finance Think станува дел од новата глобална иницијатива предводена од People Powered и финансирана од National Endowment for Democracy. Додека владините реформатори се’ повеќе обезбедуваат учество на јавноста во одлучувањето, маргинализираните групи премногу често се изоставени или исклучени. Ова го ограничува влијанието на демократските иновации. Програмата ќе ја направи партиципативната демократија поинклузивна за младите, жените и раселените лица (вклучувајќи бегалци, имигранти и внатрешно раселени лица).

Активностите на иницијативата, кои се протегаат до првиот квартал на 2024 година, ќе вклучуваат:

  • Работилници и состаноци меѓу организациите членки на People Powered кои имаат моќ за да ги идентификуваат најдобрите практики да ја направат демократијата партиципативна.
  • Креирање онлајн курсеви и ресурсни материјали за да им се помогне на организациите да ги имплементираат најдобрите практики.
  • Развој на мултимедијални приказни кои го оживуваат човечкото влијание на оваа работа, за да убедат повеќе влади и организации да го направат учеството поинклузивно.

Повеќе за проектот на следниот линк.

Работилници со општините за оптимизација на парафискалните давачки

📑 Продолжуваме со работилници за оптимизација на парафискалните давачки и воспоставување дијалог за креирање политики на локално ниво.
18 Општини се вклучени во процесот кон подигање на финансиската транспаретност со фокус на парафискалните давачки.