
Главната цел на овој проект е да се зголеми пристапот до податоци за државна помош, да се продлабочи регионалната интеграција и усогласеноста на политиките за државна помош со стандардите на ЕУ преку зголемена транспарентност и соработка со засегнатите страни.
За да се одговорат на овие предизвици, проектот ќе се фокусира на следниве конкретни цели:
-
Развој на сеопфатна веб-платформа за олеснување на отворен дијалог и пристап до податоци и информации за државна помош;
-
Изградба на консензус меѓу засегнатите страни за стратешките насоки на политиката и практиката на државната помош (продлабочување на ангажманот со засегнатите страни кој беше успешно инициран во претходната фаза);
-
Залагање за подобрено управување со државната помош преку редовно ажурирана база на податоци, целни брифинзи и вклучување на јавноста.
Донатор: Фондации Отворено општество – Западен Балкан