Успешно заврши последниот од серијата вебинари за #ДржавнаПомош
Темата на вебинарот е „Мерење на ефектите од државната помош: Примерот на владиниот План за економски раст“, а презентер беше проф. Марјан Петрески. Кликнете за видео.
Finance Think учествува на јавна консултација за Даночната стратегија
Изјава: „Колку работат Македонците во споредба со работниците во ЕУ и регионот?“
Ги повикуваме локалните чинители во општините за учество на програмата за јакнење на капацитетите
Претставниците на локалните организации, институции, бизниси, медиуми, активисти и останати локални чинители имаат можност преку учество на програмата да станат активни учесници во донесувањето одлуки на локално ниво и да ја следат финансиската транспарентност на општините.
Пријавување на линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdRGG2yiuzy0G1Wqkxh0xSIveaFIzrmnh0jYvHbzGSPIFCoEQ/viewform?edit_requested=true&fbclid=IwAR16_bVpPq8ARkjPe2G1aZqn78wNupbIG2fF1YhmZgOkAtTEY1GQSmLy9X8
Градењето капацитети на локалните чинители е дел од акцијата: „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки”, кој Finance Think го спроведува заедно со AGORA, Квантум Прима и ЛАГ Агро Лидер, со поддршка од @Delegation of the European Union, Skopje.
Изјава: „Пазарот на трудот неподготвен за постпандемиската економија“
Цитирање: “FINANCE THINK: ХОНОРАРНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ПОВЕЌЕ СЕКТОРИ СЕ НАЈРАНЛИВИ ВО ПАНДЕМИЈАТА”
Меморандум за соработка со Општина Крушево за мапирање на парафискалните давачки
Општина Крушево е прва од 21 општина која ќе изработи регистар на #парафискални давачки и ќе ја подигне финансиската транспарентност.
Денес, потпишавме Меморандум за соработка во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, поддржан од Delegation of the European Union, Skopje.








