Меморандум за соработка со Фискалниот совет


Овој Совет, основан првпат во 2023 година, игра клучна улога во надгледувањето на #фискалната политика, обезбедувајќи отчетност и транспарентност во користењето на јавните финансии.


Економијата во време на избори – Благица Петрески зборуваше за Грчката национална телевизија ЕРТ

Finance Think со почетни активности во Европскиот економски и социјален комитет
Продуктивен почеток на неделата во Брисел! 
Почетни активности и придонес кон Европскиот економски и социјален комитет (EESC – European Economic and Social Committee). Нашата Извршна директорка Blagica Beba Petreski се сретна со соработниците и партнерите на Finance Think во институциите на Европската Унија во Брисел, Белгија, 22 април 2024.





Поттикнување критичка и заснованa-на-докази дебата за буџетските процеси и фискална транспарентност
Цел: Зголемување на демократијата преку проширување на фискалната транспарентност на национално и локално ниво во Северна Македонија.
Акцијата има за цел да придонесе кон целите на Меѓународното буџетско партнерство (IBP) преку поттикнување на транспарентноста во земјата.
Оваа сеопфатна цел е поделена на конкретни цели кои вклучуваат конкретни интервенции на два фронта.
- Специфичен исход 1: Да се унапреди креирањето политики засновани на податоци.
- Специфичен исход 2: Да се зголеми општинската транспарентност и да се зајакне ангажманот на граѓаните, преку јавно достапни и ажурирани 3-цифрени буџетски податоци за сите 80 општини во Северна Македонија.
Донатор / Партнер: Меѓународно буџетско партнерство
Отклучување на женскиот економски потенцијал – понатаму од родовите граници
Целта на оваа акција е да ги поттикне и да им овозможи на жените да го достигнат својот целосен потенцијал на пазарот на трудот, со посебен фокус на продуктивноста.
Специфични цели се:
- Да се идентификуваат двигателите на ниското учество на жените на пазарот на трудот и женската продуктивност, преку производство на докази и генерирање знаење;
- Да се нагласи важноста на пристојните работни места, стимулативната средина, работните услови и системската поддршка како двигатели на продуктивноста и женскиот потенцијал, преку пилотирање мерки во „Комфи Ангел“ и во соработка со бизнис секторот;
- Да се стимулира дијалог за политиките меѓу релевантните чинители (креатори на политики, бизнис сектор, синдикати);
- Да се застапуваат политики кои овозможуваат пристојни работни места и стимулативна средина која ќе ја зголеми женската продуктивност.
Донатор: Британска амбасада во Скопје
Во интервју за Локално.мк, Благица Петрески зборува на тековни економски теми
Целото интервју е достапно овде.