Благица Петрески во ФинСајт: Јавниот долг и економските изгледи во 2026

Македонија повторно се задолжи на меѓународните пазари со издавање на 10-тата еврообврзница, вредна една милијарда евра, со цел сервисирање на доспеаните обврски и стабилизирање на јавните финансии. Но, веќе во наредните месеци се очекува ново задолжување, овојпат преку кредити, за да се обезбедат средства за редовно плаќање на обврските.

Што значи ова за економијата, дали годинава може да се очекува раст или стагнација, како ќе се движи инфлацијата и што може да очекува бизнис-секторот?

Во новата епизода на FinSight, разговараме со Благица Петрески, извршна директорка на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики. Анализираме каде завршуваат буџетските пари, колкав е товарот на јавниот долг, колку е реален проектираниот раст од 3,5 отсто и дали зголемувањето на платите може дополнително да ја подгрее инфлацијата.

Во фокусот се и продуктивноста на работниците, сивата економија, ефектите од проектот „Мој ДДВ“, како и клучните реформи што ѝ се потребни на економијата за одржлив раст и подобар животен стандард.

Нова Студија за политиките 57!

📘 Нова Студија за политиките
Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија.
🔍 Клучни наоди:
🧾 Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку кој ПФМ влијае врз резултатите
🎓 Во образованието, ПФМ не делува директно, туку преку подобрување на техничката ефикасност → повисока опфатеност со предучилишно образование и подобри ученик-наставник соодноси
🏥 Во здравството, подобро буџетско извршување е поврзано со повеќе лекари, повисока DPT имунизација и повисок животен век
📉 Слабата транспарентност и недоволното среднорочно планирање ја ограничуваат ефикасноста на јавната потрошувачка
⚙️ ПФМ е „тивкиот двигател“ на социјалните исходи – без него, ниту зголемените расходи не даваат резултат
📌 Порака за политиките:
Подобрувањето на здравствените и образовните исходи не почнува во училницата или болницата, туку во буџетскиот процес: среднорочно планирање, транспарентност и дисциплинирано извршување.