На крајот од , поглед врз две #меѓународни рангирања со независна оценка на нашата работа.
Според Вебометрикс, Finance Think е четврторангиран #истражувачки центар во Северна Македонија, единствениот #економски истражувачки центар на ова рангирање, по Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за земјотресно инженерство при УКИМ и Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје bit.ly/3TyVlaV
Според ИДЕАС/Репек при Федералната банка од Ст. Луис – САД, Finance Think е треторангирана институција во групата ‘економски #факултети и #институти’, по Економскиот факултет при УКИМ и Факултетот за бизнис економија при УАКС bit.ly/3RKs1N0
Продуктивни дискусии на конференцијата “Дигитализација и демократија”, која во организација на Aspen Institute Germany се одржа во Подгорица, Црна Гора, 10-13 декември 2023, со учесници од Западниот Балкан, Германија и други земји од ЕУ.
Нашата Марија Башеска се осврна на тоа како технологијата и дигитализацијата може да се клучни за #економскиот развој, со научени лекции од нашата работа во доменот на #парафискалните давачки. Придонесот на Марија се базира на прегледна студија која Finance Think ја подготви на покана на Институтот Аспен.