Работилница за родово-одговорни политики со локални чинители

Работилницата “Родово-одговорно креирање локални програми и буџет” за претставници на јавната администрација и граѓанскиот сектор од Прилеп и Крушево се одржа во Прилеп, 17 февруари 2023.
Работилницата е во рамки на проектот “Родово-одговорно планирање на локално ниво: Случајот на Прилеп и Крушево” поддржан од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција и нивните партнери преку акцијата “Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведска.

Дијалог за политиките за кризата со храна и енергија

🗣 Денес, заедно со UNICEF MK го започнавме дијалогот за политиките за оценка и адресирање на ефектите со кризата со енергија и храна. Во консултативниот процес учествуваат надлежните носители на политиките од министерствата за финансии, економија и труд и социјална политика.

Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан

Главната цел на проектот е да генерира докази и да поттикне дијалог на политиките за прехранбената и енергетската несигурност во економиите на Западен Балкан, релевантни за четири клучни фронтови: егзистенција на домаќинствата, конкурентност на фирмите, фискален простор и регионална интеграција.

Continue reading