Finance Think, дел од глобалната коалиција за поинклузивна демократија

Finance Think станува дел од новата глобална иницијатива предводена од People Powered и финансирана од National Endowment for Democracy. Додека владините реформатори се’ повеќе обезбедуваат учество на јавноста во одлучувањето, маргинализираните групи премногу често се изоставени или исклучени. Ова го ограничува влијанието на демократските иновации. Програмата ќе ја направи партиципативната демократија поинклузивна за младите, жените и раселените лица (вклучувајќи бегалци, имигранти и внатрешно раселени лица).

Активностите на иницијативата, кои се протегаат до првиот квартал на 2024 година, ќе вклучуваат:

  • Работилници и состаноци меѓу организациите членки на People Powered кои имаат моќ за да ги идентификуваат најдобрите практики да ја направат демократијата партиципативна.
  • Креирање онлајн курсеви и ресурсни материјали за да им се помогне на организациите да ги имплементираат најдобрите практики.
  • Развој на мултимедијални приказни кои го оживуваат човечкото влијание на оваа работа, за да убедат повеќе влади и организации да го направат учеството поинклузивно.

Повеќе за проектот на следниот линк.

Работилници со општините за оптимизација на парафискалните давачки

📑 Продолжуваме со работилници за оптимизација на парафискалните давачки и воспоставување дијалог за креирање политики на локално ниво.
18 Општини се вклучени во процесот кон подигање на финансиската транспаретност со фокус на парафискалните давачки.

Aкција за формализирање на микро-вршители на економска дејност во неформалната економија

Целта на оваа акција е да се зголеми формализацијата на микро-фирми во Северна Македонија, односно на вршители на економска дејност во неформалната економија. Оттука, акцијата ја адресира правната неформалност. Поконкретните цели на акцијата вклучуваат:

  1. Да ги разбере причините за неформалноста на микро-вршителите на дејност во неформалната економија (високи давачки, висок административен товар, мала веројатност да бидат откриени, слаба информираност за бенефитите од формализација итн.)
  2. Да ја разбере дејноста на неформалните микро-вршители на дејност
  3. Да дизајнира мапа/листа на сите давачки, вклучително и парафискални давачки, сврзани со основањето микро-бизнис и со неговото водење во почетните години
  4. Да предложи: а) план за намалување на трошоците за фирмализација на микро-вршители на дејност, вклучително и рационализација на давачките идентификувани во 3; и б) мерки на политиките (фискални, трудови, информирање) кои ќе поттикнат поголема формализација на микро-вршителите на дејност.

Клиент: ГИЗ Северна Македонија