

Научниот труд на нашите Благица Петрески и Деспина Туманоска и членот на Советодавниот борд Хорхе Давалос, кој неодамна беше прифатен во меѓународното рецензирано списание Eastern European Economics (IF = .854) доби година и број 59(1), стр. 25-50.
На 11 февруари 2021, Аспен организира дискусија на тркалезна маса на тема „Процесот на пристапување во ЕУ: Клуч за социо-економскиот развој на Западен Балкан?” на која ќе говори и нашата извршна директорка Благица Петрески. Кликнете за повеќе.
Деталите за повикот се достапни овде: bit.ly/3ooRee8. Ве молиме аплицирајте овде: forms.gle/oYGbWjV34af1yLWPA. Рокот е 10 февруари 2021.
Г-а Ружица Гело, консултант за ЕУ преговори од Хрватска ќе одржи вебинар. Регистрација на следниот линк: forms.gle/WYDFadxF1uXWUQqU7
Првиот вебинар го одржа проф. Владимир Наумовски, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Кликнете за да ја видите целата серија вебинари.
На актуелни економски теми, Благица дискутираше со Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ и Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата за технолошки напредни компании. Кликнете за линк.
Препораката од нашата неодамнешна Студија за политиките 33: Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија е во согласност со денес-усвоената мерка на Владата за привремено намалување на царинските стапки на клучни суровини и опрема, како мерка за поддршка на закрепнувањето на компаниите по ковид-19.
Проф. д-р Владимир Наумовски ќе одржи вебинар на тема „Државна помош: Практики во Северна Македонија“ на 27 јануари 2021 од 13 часот. Пријавете се овде: forms.gle/U8HjRhjAnrXVQcaM7